НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Претседателски избори 2024

0
By Zoran Ivanov on April 14, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

14-ти април

Продолжува кампањата за претседателските избори. Првиот круг е закажан за 24-ти април.  На 18-ти овој месец, почнува и кампањата за годинешниве парламентарни избори закажани за 8-ми мај.

И денеска, недела, кандидатите Стево Пендаровски, Гордана Силјановска Давкова, Стевчо Јакимовски, Бујар Османи, Билјана Ванковска Мирчевска, Арбен Таравари и Максим Димитриевски агитираа меѓу македонските избирачи убедувајќи ги во своите погледи, ставови, проекции.

НОВА во континуитет за секој од нив известува за нивните главни пораки по редослед утврден согласно ждрепката спроведена од ДИК и редоследот од гласачкото ливче па по ред:

Стево Пендаровски – Куманово:

Почнувањето на преговорите за членство во ЕУ, е национален приоритет, рече Пендаровски пред кумановчани.

 Нема друг начин да влезете во развиениот свет отколку да се договорите со првите комшии, па после да размислувате за интеграција во пошироките организации. Но во моментот кога ја одржавме првата конференција и мислевме дек ја ставивме Македонија на „брзата пруга“ и по ова прашање, за жал, освен опструкциите кои ги очекувавме од нашито источен сосед,  неочекувано, доживеавме опшструкции од политичката опозиција, олицетворена во најголемата политичка опозициона партија, ВМРО-ДПМНЕ, кои од свои мотиви, од свои причини, с е однесуваа кон европскито пат на македонија, како Република Бугарија. Ја попречуваа и сеуште ја попречуваат земјава да напредува. Затоа, на 24 април почитувани, имате прилика на таквите политички структури да им кажеме – не благодарам. Затоа што само оваа политичка гарнитура која владееше досега, во изминативе 7 години, гарантира дека ќе продолжиме кон Европа, а не да се враќаме кон минатото опкружено со конфликти, тензии, понижување на нашите граѓани , време кога само една фамилија и само една политичка партија просперираше, а сите други беа граѓани од втор ред.

Немојте воопшто да се размислувате на 24-ти дали да им дадете доверба на тие луѓе кои се истите оние кои знаеме како 11 години живееја на грбот на народот,а како сите ние кои не бевме членови на таа партија, трпевме, рече тој, посочувајќи дека истите тие луѓе влегоа со толпата насилници во собранието на 27 април, а и нивниот претседател на паритјата заедно со нив.

Не им верувајте, тие луѓе имаат една единствена цел, да дојдат на власт и да останат што е можно подолго, независно од тоа што мислат македонскиот народ и македонските граѓани. Во наредните 4 и 5 години ако ни ја дадете вашата доверба државата ќе продолжи сигурно на курсот кон Европа и ако нема дополнителни опструкции од опозицијата, можно е за 4 години да ги завршиме преговорите со ЕУ и да тргнеме многу побрзо напред, порача Пендаровски.

Гордана Сијановска Давкова – Скопје:

Кандидатката за претседателка на МакедонијаГордана Силјановска-Давкова одговори на прозивките од противкандидатот Стево Пендаровски.

Замислете, јас сум немала план, а тој имал план? Па, еве го канам, ќе почнеме сега серија на дебати околу програмата за областите што се најважни, нека се приклучи Стево Пендаровски, па нека даде свој интелектуален придонес во тоа. Никогаш не говорам за студентите, ама најдобрите никогаш не ги заборавам и за нив секогаш кажувам сè. Не го помнам Стево Пендаровски како студент, но знам дека магистрирал и докторирал откога ги усовршил своите аналитички способности во министерството за внатрешни работи и сега човекот на ваков начин зборува за мене. Го запознав на една врвна дебата, организирана од поранешниот претседател Борис Трајковски, наречен „Дијалог на цивилизациите“, каде што учествуваа врвни интелектуалци од земјата и од светот. Знам дека околу нас кружеше еден човек и се сетив подоцна дека тоа беше Пендаровски, веројатно беше дел од организацијата на настанот.

Ајде, да продолжам во дијалошка форма. Дали Пендаровски водеше дијалог со Владата? Ма, немојте! Па, тој со таква понизност го гледаше претходниот премиер господинот Заев, со таква понизност го гледаше Ковачевски, со каква понизност го гледа и тој другиот, тој фактичкиот премиер господинот Ахмети. Тој се кандидира за претседател и треба да кажува што ќе прави понатаму. Ама, како ќе каже што ќе прави понатаму кога досега ништо не сторил. Лист хартија, бела хартија, објаснува Сиулјановска-Давкова

Стевчо Јакимовски – Прилеп:

Како иден претседател и врховен командант на оружените сили Јакимовски потсети дека живееме во тешко време, обременето со војни кои може да се прошират на европско тло. Упати апел за подготовка на земјата за виорно време со набавка на оружје муниција, производство и складирање храна. Многу е битно, рече, кој ќе биде врховен командант.

На 1 200 километри јужно од нас и на 1 200 километри воздушна линија северно од нас се одвивааат страшни војни. Тоа јасно покажува дека живееме во тешко време и многу е битно кој ќе биде врховен командант на оружените сили на Република Македонија, зашто за многу кратко време може да се случи да влеземе во страшна војна, зашто во 2013 година на тлото на Европа, НАТО немаше ниту еден тенк, денеска се преку 3000 тенкови. Тоа јасно покажува дека може Македонија, и цела Европа, да ја зафати воен вител и ние мора да бидеме максимално одговорни. Мојот апел како иден претседател на Република Македонија е: итно да се набавуваат оружје и муниција, итно да се зголемат сточниот фонд, производството на храна, да работи конзервната индустрија, да се обезбеди храна за живината и за целата стока. изјави Јакимовски.

Кандидатот за претседател Стевче Јакимовски прд прилепчани потсети дека се залага да нема влез на Бугарите во Уставот без комплетно затворање на бугарското прашање.

Бујар Османи – Прилеп:

Како министер за надворешни работи успеав да ги откочам најважните интегративни процеси за државата,а како претседател можам да ги заокружам, рече кандидатот за претседател на Европскиот фронт Бујар Османи. Тој денеска имаше средби со жителите од повеќе населени места од кривогаштанскиот и од долненскиот регион.

Како министер за надворешни работи успеав да ја внесам земјата во НАТО, да ги отворам преговорите за членство во Европската Унија, да го започнам стратешкиот дијалог со САД. Ако тоа го успеав како министер, како претседател можам конечно да ги заокружам најважните интегративни процеси за државата конечно да вплови во европскиот начин на живот, изјави Османи.

Османи смета дека на овие на некој начин и по многу нешта се пресудни.

Се наоѓаме пред дилемата: Дали интеграција или изолација, дали соживот или етнички тензии, дали прогрес или регрес. За жал, тие се двете понуди и јас сум среќен што можам во име на Европскиот фронт, најголемиот мултиетнички блок да понудам интеграција за пет години соживот помеѓу етничките заедници, правда и еднаквост и можност секој граѓанин да сонува и да го оствари својот сон, независно од кое семејство потекнува, од која етничка припадност е, од социјална категорија, од село или град. Секое дете да може да сонува и тоа да го оствари, а државата да му помогне, а не да му попречи во тоа, рече Османи.

Билјана Ванковска Мирчевска – Аеродром:

При својот настап пред жители на општината кандидатката Ванковска истакна дека населбата која е плански изградена во времето на социјализмот, за жал новите власти не можат да ја надоградат и напрвата подобра. Напротив прават полошо. Дури и оние кои ветуваат горда Македонија, не можат да направат подобра една општина.

Денес иако е времето топло намерно сум нагрната со оваа палестинска кефија. Тоа е мојата политичка изјава. Јас сум запрепастена дека претседателски кандидати кои се борат за првата позиција во државата до сега не изразија ниту еден збор за солидарност со палестинскиот народ и против геноцидот што се случува во Газа. Полни им се устите со Европска Унија. А јас, со оваа кефија, денес изразувам солидарност со мојот соборец Јанис Варуфакис, кој вчера доби забрана да се појави во Германија со закана од кривично гонење заради заштита на палестинската кауза.

На прашање за надворешната политика Ванковска истакна дека во овој момент секој оној што го игнорира геноцидот во Газа и третирањето пред меѓународниот суд каде неколку држави покренаа тужба ги смета за морално корумпирани и практично изгубени во целиот овој глобален комплекс.

Сите тие би биле врховни команданти, би воделе некаква дипломатија, а ниту еден од нив не зборува за мировна дипломатија, за преговори. Ова го мислам и за Украина, и за Газа и за влошување, ескалирање, на односите не само помеѓу Израел и Иран туку и за целиот тој регион. Мојата политика би била мировна, јас зборувам за соработка и егзистенција иако сум свесна дека секој ден сме поблиску до нешто обратно од тоа, рече Билјана Ванковска Мирчевска.

Арбен Таравари – Врапчиште:

Кандидатот за претседател Арбен Таравари денеска ја презентираше предизборната програма на настан што го организираше Форумот на млади на „Вреди“ од огранокот на општина Врапчиште. Таравари со младите сопартијци возеше велосипед по околните планински патеки и разговараше за претседателската платформа.

Продолжуваме со кампањата со една малку поинаква активност. На иницијатива на Форумот на млади „Вреди“ во огранокот Врапчиште го организиравме овој настан. Ќе се движиме по некои патеки кои се интересни и многу пријатни во овој регион. Верувам дека ќе се сретнеме со други луѓе, ќе разговараме и ќе ја образложуваме нашата програма. Со младите ќе разговараме за нивните проблеми, маки и предизвици, рече Таравари.

Максим Димитриевски – Скопје:

Претседателскиот кандидат Максим Димитриевски во скопскиот Градски парк се сретна со скопјани.

Сакам тоа што го направивме во  општина Куманово, да се обидеме да го пресликаме на ниво на државата.  Македонија да стане стабилна и развиена држава, со јасен пат кон Европската унија, но при тоа  таму да влеземе достоинствено како Македонци, со  македонски јазик и со сопствена историја, со почитување на правата, на сите етнички заедници кои живеат во државата. Силно ќе се бориме против корупцијата,  правдата мора да биде еднаква за сите и Македонија да биде самоодржлива држава, посебно во делот на енергетиката и земјоделието, Македонија да биде земја на задоволни и среќни граѓани.

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија е позиционирано во политичкиот центар и претставува освежување на политичката сцена, потсти Димитриевски.

На прашањето како гледа на барањето од албанските партии кои имаат договор да не формираат власт со победникот од парламентарните избори дококлку не се прифати барањетон за промена на Устагвот во насока на бирање на Претседателот на државата во парламентот, Димитриевски рече:

Евентуални предлози за уставни измени кои би се однесувале на бришење на формулацијата „јазикот кој го говорат 20 %“ за мене се неприфатливи, бидејќи го подриваат фундаментите на кој почива Охридскиот рамковен договор, за кој сметам дека е сто посто реализиран, а секој предлог за менување на сегашниот начин за избор на Претседател на Републиката замене е неприфатлив. Претседателот го црпи својот суверенитет  токму од граѓаните на избори, и има легитимитет да се спротивставува, корегира и укажува на погрешните политики од било која извршна и законодавна власт, одгвори Димитриевски.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.