НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Претседателски избори 2024                   

0
By Zoran Ivanov on April 15, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

15-ти април

Кандидатите за претседател на Република Северна македонија Стево Пендаровски, Гордана Силјановска Давкова, Стевчо Јакимовски, Бујар Османи, Билјана Ванковска Мирчевска, Арбен Таравари и Максим Димитриевски и денеска низ државата ги убедуваа граѓанитре во своите програми.

НОВА катадневно и во континуитет известува за секој од нив, за нивните средби со гласачите и за пораките што им ги пренесуваат.

И овојпат по ред, а согласно редоследот на гласачкото ливче утврдено со ждрепка од старна на ДИК.

Стево Пендаровски – Скопје:

Последната седмица од изборната кампања за првиот круг на претседателските избори, кандидатот за претседател Стево Пендаровски денеска ја започна со средби со жителите на скопските општини Сарај, Чаи, Ѓорче Петров и Гази Баба.

Посочувајќи дека пред пет години ветил дека ќе биде претседател на сите без разлика на верска или национална припадност, Пендаровски рече дека сите граѓани ги чувствува како свои. Истакна дека кај него биле отворени вратите без разлика дали дошле Македонци, Албанци, Турци или граѓани од друга етничка националност или пак некој што не гласал за него. Во оваа насока Пендаровски посочи и дека во секоја прилика бил со својот народ.

  • Ако државата не оди напред, овие млади луѓе овде што ги гледате, што останале, нема да ги гледате. Ќе заминат кај што има подобра работа, да создадат семејство и да бидат посреќни. Никој нема да нè чека 20-30-40 години да ја подобриме, рече Пендаровски.

Со граѓаните на Сарај и на Чаир, Пендаровски ги сподели и досегашните достигнувања на државата на меѓународен план, пред, сè, влезот во НАТО и почетокот на преговорите со Европската Унија. Вториот процес, како што рече тој, ќе се одвиваше со уште побрзо темпо, ако не се соочевме со внатрешна блокада од опозиција. Барајќи ја поддршката од граѓаните, Пендаровски истакна дека откако ќе бидеме дел од Европа ќе пораснат платите и пензиите, а со тоа и животниот стандард.

Правејќи паралела меѓу сегашната владејачка гарнитура и опозицијата, претседателскиот кандидат Пендаровски рече дека во нивно време немаше демократија, односно затвораа луѓе во затвор и за најмала навреда. Тоа, како што потенцираше Пендаровски, сега не е случај. Сега секој човек е слободен да каже било што и што е уште поважно, нема меѓуетнички тензии.

  • Затоа имаме задача на 24 април и на 8 мај да ја избереме вистинската опција, бидејќи знам дека на сите ни е преку глава од делби. Ни треба соживот, заклучи Стево Пендаровски.

Гордана Сијановска Давкова – Прилеп:

Претседателот е врховен командант на вооружените сили. А вооружените сили се бранителот на територијалната независност и интегритет на Македонија. Во војската мора да има ред! Во војската мора да има хиерархија! Во војската мора да има стандарди, рече, вечерва, од митингот во Прилеп, кандидатката за претседател, Силјановска-Давкова.

  • Европската Унија е супериорна со почитување на европските вредности и принципи.  Нам ни треба нешто, а тоа е уставен патриотизам. Тоа не значи да се колнете во Уставот и не значи и дека треба постојано да го менувате, туку дека треба да ги браните принципите и вредностите на Уставот. Тоа е внатрешно прашање како што европскиот устав е важно прашање, мислам на договорот за ЕУ и на повелбата за основните права. Значи претседателот мора секогаш да ги потсетува сите и на домашниот Устав на националното право, ама и на меѓународното право и на европското право, рече Силјановска Давкова на митинг во Прилеп и додаде дека процесот на интеграција треба да се конкретизира, а тоа значи европски живот на македонска почва, европски стандарди на македонска почва, а не само заложби ЕУ и НАТО, проевропјани, антиевропјани. Анализирајте кој е за Европа според однесувањето, а кој е против, тие ништо европско не прават.
  • Особено мора да ги почитуваме НАТО стандардите бидјеќи сме членка на сојузот! Меѓутоа ако и таму има политизација и партизација, ако нема доволни жени на клучни позиции, тогаш мислам дека прашалникот е голем. Зошто жени? Бидејќи и јас како и сите жени, сум горда и знам дека во сите области можеме да внесеме нешто ново. А важно е бидејќи главните жртви во сите војни се жените и децата. Кога има жени во Армијата и на клучни фукции, на клучните позиции во државата, тогаш има поголеми гаранции за мир“, порача Гордана Силјановска-Давкова.

Стевчо Јакимовски – Скопје:

Во Република Македонија имаме четири власти, законодавна тоа е
Парламентот, извршна тоа е Владата, судската Власт ја знаеме сите и
четвртата власт е локалната самоуправа. Како иден претседател на
Република Македонија ќе предложам реформи токму во четвртата власт, во
локалната самоуправа заради поголема функционалност на локалната
самоуправа имајќи во предвид дека локалната власт е најблиску до
граѓаните и е најнепосреден сервис на граѓаните на било кој дел од
Република Македонија, рече Јакимовски во своето обраќање.

  • Нам ни се потребни измени во Локалната самоуправа и во делот на
    функционирање на Град Скопје. Нов Закон за Град Скопје, нов Закон за
    локална самоуправа со кој што ќе се зголемат ингеренциите во делот на
    комуналните инспектори. Значи ние мораме да имаме комунални инспектори коишто ќе можат да легитимираат,да казнуваат и физички да неутрализираат затоа што на ваков начин на функционирање на комунална инспекција кога легитимирањето треба да го врши полицијата е апсолутно нефункционално.

Мораме да направиме промени и во Законот за домување, имаме
Закон кој што е апсолутно нефункционален и во кој што немаме никакви
ингренции, а имаме граѓани коишто во станови чуваат по 20-30-40 мачки,
кучиња и постојано се жалат граѓаните.

  • Значи, се на се, нам ни е потребен еден нов Закон за локална самоуправа како и поделба на јавните градски претпријатија во Скопје по општините за да имаме функционални јавни градски претпријатија затоа што на ваков
    начин навистина е срамота да не можеме да се справиме со хигиената,
    навистина е срамота да не можеме да се справиме со одржувањето на
    зеленилото и навистина е срамота и натаму да имаме поделени ингеренции
    кои што граѓани ги доведуваме во недоумица, порачува Стевчо Јакимовски.

Бујар Османи – Скопје:

Претседателскиот кандидат Бујар Османи на денешната прес-конференција истакна дека меѓуетничките односи, добрососедските односи и евроатлантската интеграција се „трите свети столбови за кои мора да постигнеме консензус“.

  • Не смееме заради кој било партиски или политички интерес да ги жртвуваме столбовите на кои почива стабилноста, хармонијата и прогресот на оваа држава, а тие се три – меѓуетничките односи, добрососедските односи и евроатлантската интеграција. Ова се свети столбови на кои што мора да постигнеме консензус и кои не смеат да бидат тема на овие избори и на било кои избори. Тоа го барам од оваа кампања. Трите столба да ги чуваме, рече тој.

Османи повторно упати покана до кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова на телевизиска дебата и на неговиот поткаст.

  • Еве уште еднаш пред вас ја повикувам госпоѓа Силјановска Давкова да се појави на дебата со мене за да разговараме за сите аргументи поврзани со овие две алтернативи – интеграција наспроти изолација. Вие сами знаете, прекршување на Преспанскиот договор, прекршување на Договорот за добрососедство, прекршување на Охридскиот договор, уште првиот ден ќе донесе изолација на оваа држава, ќе станеме слепо црево на Балканот, рече Бујар Османи.

Билјана Ванковска Мирчевска – Скопје:

Билјана Ванковска, претседателски кандидат, при денешната средба со граѓаните на Општина Центар освен со претставување на изборната програма, се задржа и на известувањето од Владата за денот на гласањето.

  • Го добивме известувањето од Владата за денот на гласањето, кој е слободен ден само за јавната администрација. Сметам дека тоа е неправедно, не е фер услов. Практично, сите приватни работодавачи ќе можат да им оневозможат на граѓаните да го напуштат работното место, да излезат да гласаат, зависно од нивните околности, рече таа.

Сопред неа, на овој начин голем број граѓани, особено од Скопје, но кои потекнуваат од градовите во внатрешноста, нема да бидат во можност да го искористат правото на глас.

Ванковска пред жителите на Центар уште еднаш ги повтори своите цврсти ставови за раскинување на трите договори, Охридскиот, Преспанскиот и со угариоја за добрососедство. Таа истакна и дека во отсуство на јавна дебата на претседателските кандидати, мора да се оди од човек до човек, од улица до улица за да им се доближи понудената програма на граѓаните.

  • Ќе направиме се’ што е во наша моќ програмата да биде достапна до секој еден граѓанин. Очигледно е дека моите противкандидати се исплашија од дебата која се поизвесно е дека ќе ја нема. Тоа е срам за демократијата, истакна Билјана Ванковска Мирчевска.

Арбен Таравари – Велес:

Кандидатот за претседател Арбен Таравари потача дека во својата програма јасно наведува дека ќе се заложи Северна Македонија да има систем на консензуална демократи каде што јасно ќе бидат истакнати слободата на изразување и владеењето на правото.

  • Ги послушавме барањата на граѓаните, економскиот развој е нашиот фокус но и ќе се залагам Северна Македонија со консензуална демократија. Како претседател на Републиката, ветувам дека ќе ја заштитам консензуалната демократија, слободата на изразување и владеењето на правото во сите ситуации.

Тој а нагласи дека неговата посета на овие населени места е да ги слушне барањата на граѓаните и одблиску да се запознае со проблемите со кои се соочуваат.

  • Овде на пазарот ми кажаа за нивната работа, ги слушнавме нивните главни проблеми“, рече Таравари во Велес.

Максим Димитриевски – Скопје:

Претседателскиот кандидат Максим Димитриевски на денашната прес конференција во Скопје истакна дека за него се неприфатливи евентуални предлози за уставни измени кои би се однесувале на избор на шефот на државата во Собрание, како и за бришење на формулацијата „јазикот што го говорат 20 проценти.

  • Евентуални предлози за уставни измени кои би се однесувале на бришење на формулацијата јазикот што го говорат 20 проценти, именувањето на сегашниот начин на избор на претседател на Републиката, за менес е целосно неприфатливи бидејќи ги подрива фундаментите на кои почива Охридскиот рамковен договор за кој сметам дека е целосно реализиран. Оттука, било какви уставни измени по основ на избор на претседателот во Собрание, а не на непосредни избори, за мене се неприфатливи. Ниту досега, ниту отсега понатаму ќе се пазариме по било кој основ за било која цена, рече Димитриевски.

Тој објасни дека неговата програма, Манифест за Македонија, има пет принципи и пет основни начела и потенцира дека основните начела во програмата се дадени со конкретни рокови.

  • Едно од најбитните начела се однесува на тоа дека во првите сто дена од позицијата претседател ќе се заложам за креирање на државна стратегија за борба против корупцијата и организираниот криминал. Тоа може да го стори претседателот. А, повеќе од потребно е во нашата држава, бидејќи како што ги гледате сите последни извештаи Македонија се соочува со се повисоко ниво на корупција и криминал и дополнително тоа ја слабее државата. Според сите анализи на Светска банка, растот во Македонија стагнира и сме најниски во целиот регион. Кога ќе ја спречиме корупцијата при еден организиран облик на делување, државата треба да и објави војна на корупцијата, порача Максим Димитриевски.
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.