Седумтемина кандидати за Претседател на република Северна Македонија, Стево Пендаровски, Гордана Силјановска Давкова, Стевчо Јакимовски, Бујар Османи, Билјана Ванковска Мирчевска, Арбен Таравари и Максим Димитриевски, влегоа во самиот финиш од своите кампањата за изборите закажани за 24-ти овој месец.
Медиумската информативна агенција МИА објави серија интервјуа со нив што Нова ги пренесе во посебни делови и во скратени верзии со акценти на нивните главни програмски понуди.
Нова, овој пат, непосредно пред молкот пред првиот круг претседателски избори, во еден документ, на едно место и уште по сублимирано, ги презентира нивните изборни слогани и нивните основни предизборни пораки, а согласно редоследот што со ждрепка го утврди Државната изборна комисија, ДИК. Линк