Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Претседателски избори 2024 – Пендаровски: Ниту сум бојкотирал, ниту ќе бојкотирам, на 8. мај ќе славиме во цела Македонија

0
By Zoran Ivanov on April 26, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Крушво: Борбава и формално правно и политички почнува од нула како да немало прв круг. На 8 мај не само овде во Крушево ќе славиме и во цела Македонија, порача претседателскиот кандидат Стево Пендаровски на средбите со жителите на Крушево, повикувајќи ги крушевчани масовно да излезат на гласање и на 8 мај.

Тој ги негираше обвинувањата на опозицијата дека ќе го бојкотира вториот круг од претседателските избори.

Вројатно сте слушале вчера, денес од кога заврши првиот круг, нашиве политички противници коишто се уште се убедени дека ќе победат, нека живеат во тоа уверување, почнуваат да ги кажуваат овие муабети што ги зборуваат уште во првиот круг, ќе била разликата толку голема и ќе сме немале  никакви шанси да победиме затоа ќе сме бојкотирале. Дали е логично да дојдам јас во Крушево, ако мислам да бојкотирам? Јас мислам со сите вас да победам, а кој сака нека бојкотира, рече Пендаровски.

Тие нека му ја мислат за крајниот резултат. Ние сите го знаеме и наместо бојкот ние ќе прославуваме. И во минатото и денес, крушевчани секогаш знаеле да донесат правилна одлука. Тоа го докажаа на првиот круг од претседателските избори. Знам дека и на 8 мај нивниот избор ќе биде бројот 1. Македонија заслужува натпартиски, претседател на сите граѓани без разлика на нивната етничка, верска или политичка припадност, рече Пендаровски.

Посочувајќи дека меѓуетничките односи и темелите на нашата држава се потпираат на идејата, на концептот на Крушевскиот манифест, претседателскиот кандидат Пендаровски од Крушево порача дека наместо нов Устав, на граѓаните на оваа земја им се потребни подобри услови за живот, подобра економија и поголеми инвестиции, повеќе работни места и можности за младите, за да останат дома, во својата татковина.

Нам не ни треба враќање назад во историјата, нам не ни треба некој да биде повисоко, некој пониско. Нам ни треба подобра економија, подобра социјала, повеќе инвестиции, повеќе работни места. Ако го направиме тоа, можеме да кажеме дека бил успешен мандатот. Сè друго е карање со комшиите и внатре со најблиските, и карање на регионално ниво, со соседите – и тоа е погубно, рече Пендаровски пред присутните.

Пендаровски во Крушево, во споменикот Македониум, положи и свежо цвеќе на гробот на првиот претседател на Крушевската Република, Никола Карев.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025

Затворил 58 мачки и ги мачел – судот во Грција му изрече казна од 1,7 милиони евра

November 12, 2025
ФОКУС

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

ВЕСТИ November 12, 2025

Судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 63 лица,…

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025
ТИКЕР

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025

Затворил 58 мачки и ги мачел – судот во Грција му изрече казна од 1,7 милиони евра

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.