Постојаната претставничка на САД во Обединетите нации Линда Томас-Гринфилд изјави дека не е можно да се исфрли Русија од Советот за безбедност на ОН но дека западните земји ќе направат се што е во нивна моќ да ја изолираат Москва.
– Советот за безбедност е резултат на создавањето на Обединетите нации по Втората светска војна. Русија е членка на Советот за Безбедност . Тоа е факт. Тој факт не можеме да го смениме, но сигурно дека можеме да ги изолираме во Советот за безбедност. Можеме да направиме учеството во тоа тело да им биде многу непријатно, изјавила Томас Гринфилд за MSNBC.
Таа потврди дека Вашингтон и неговите сојузници работат на исклучување на Русија од Советот на ОН за човекови права, пренесе Тасс.