Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Претставувајќи се како медицинска сестра и попишувач, скопјанка ограбувала станови

0
By Ivana on September 24, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Скопјанка на возраст од 35 години е осомничена за шест тешки кражби направени во периодот од 3 до 21 септември, информираше Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, кое отвори постапка против неа.

Кражбите таа ги извршувала на различни начини, според информациите на обвинителството. Претставувајќи се како медицинска сестра, попишувач, внука на соседи, таа влегувала во домовите на своите жртви и ги ограбувала.

Првата кражба за која е осомничена е од 3 септември. На автобуска постојка во населбата Ченто се доближила до оштетената, кратко разговарала со неа и во момент на невнимание ѝ ја зела торбата во која имало паричник со картичка, пари и дуксер во вкупна вредност од 6 000 денари.

Пет дена подоцна, скопјанката влегла во куќа на улицата „Кавадарка“ во Скопје. Според ОЈО Скопје, на сопственикот му се претставила како медицинска сестра која дошла да го прегледа и да му стави облоги на нозете. Сопственикот ја примил дома и додека се подготвувал за преглед таа го украла паричникот во кој имало 16 000 денари.

Во домови влегувала и наредните два дена, но со поинаква тактика.

-На 9 и 10 септември, пак, влегла во два дома, претставувајќи се како попишувач од пописна комисија. На сопствениците им барала сертификат за вакцинација и, додека тие го барале сертификатот, им ги одзела паричниците во кои имало банкарски картички. Во куќата на друга оштетена, на 14 септември, осомничената се претставила како внука на сосетката, па искористувајќи момент кога сопственичката на кратко ја напуштила просторијата, одзела паричник со околу 3 000 денари, велат од ОЈО Скопје.

Последната од шесте кражби за кои е осомничена е регистрирана на 21 септември, а како што соопшти обвинителството, до кражбата дошло кога скопјанката ѝ се доближила на оштетената пред аптека во Сингелиќ и замолила да ѝ даде пари за лекови. Тогаш ѝ го грабнала паричникот во кој имало 3 000 денари.

Поради опасноста од бегство, од ОЈО Скопје наведуваат дека бараат притвор за осомничената.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ВЕСТИ November 4, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој…

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.