НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Претстојниот викенд нова Галичка свадба: Катерина и Филип се годинешни младенци

0
By Sashko on July 14, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По пауза од една година поради ковид-19 пандемијата, во Галичник викендов ќе се одржи традиционалната манифестација Галичка свадба на која по старите галички обичаи ќе се венчаат младенците Катерина Илиевска и Филип Бундески.

Младоженецот Филип потекнува од Галичник и, како што рече денеска на нивното претставување, многу години учествувал на свадбата во Галичник во повеќе улоги – како статист, како коњаник, а една година бил и стар побратим.

– Обичаите ми се доста познати и, како што поминуваше времето, сè повеќе се гледав како зет на Галичката свадба. Не може да се опише чувството да се биде дел од оваа богата македонска традиција. Одговорноста е голема да се следат сите обичаи и да се испочитува сето она што ни го оставиле нашите предци, рече годинашниот галички зет Филип Бундески.

Катерина Илиевска изјави дека е почестена што годинава таа е галичка невеста и горда е што ќе биде дел од вековната традиција.

– Галичката свадба е една од најавтентичните на Балканот, па и пошироко. Затоа со радост го исчекуваме викендот во кој ќе ги испочитуваме нашите предци, нашата традиција. Сигурна сум дека сите заедно убаво ќе си поминеме викендов во Галичник, рече Катерина.

Под покровителство на претседателот Стево Пендаровски и со поддршка на Министерството за култура, Галичката сцадба ќе се одржува претстојниот викенд (17/18 јули). Ќе почне в сабота со традиционалното китење, редење на бајракот и „фрлање пушки“, „пречек на топаните“, изведба на ората „Свекрвино“, „Тешкото“ и „Невестинско“. Обичаите продожуваат в недела кога е венчавката на младенците во црквата „Св. Петар и Павле“.

Во пресрет на свадбата, вечерта в петок во Галичник концерт ќе има групата „Љубојна“, која на платото пред чешмата Упија ќе изведе изворни песни од Мијачкиот крај. Ќе настапат и групите „Тоа е тоа“ и „БендОфф“.

Среќен и долг заеднички живот на годинашните младенци и успешно издание на манифестацијата им посака министерката за култура Ирена Стефоска која се осврна на традицијата на најпознатата македонска свадба што со векови за Петровден ги собирала печалбарите во родниот крај.

– Јули бил месец на солзи радосници во Галичник. Имало ли поубав ден за целото семејство од мигот кога стопанот ќе стапнел на прагот по месеци и месеци на печалба. Зурлите и топаните ги чекале свадбите и свадбарите. И така со векови. Оваа традиција е сочувана и стана наше драгоцено нематеријално културно наследство. Министерството за култура, како и досега, останува силен поддржувач и промотор на оваа манифестација која го чува и збогатува нашиот надалеку препознатлив македонски фоклор, рече министерката Стефоска.

Програмата на Галичката свадба на прес-конференцијата ја соопшти Александар Костиќ од Месната заедница „Галичник“, која е организатор на настанот. 

Костиќ соопшти дека за посетителите ќе има правила за оставање на отпадот, како и посебен режим во сообраќајот – забрана за паркирање околу локациите на настанот во сабота и недела (црквата „Св. Петар и Павле“, Упија, Куќата на Лукановци од каде што ќе се земе невестата).

Забрана за моторни возила низ Галичник ќе има в петок од 20 часот до 1 по полноќ, в сабота од 18 до 22 часот и во недела забраната ќе важи од  7:30 до 15 часот. Во овие термини автомобилите ќе може да се паркираат на местото Селска ливада, еден километар пред Галичник, а Месната заедница „Галичник“ има ангажирано комбиња кои ќе ги превезуваат посетителите.

– Сите контејнери за отпад овој викенд ќе бидат дисплоцирани од Галичник и ќе бидат поставени мали канти кои ќе се користат само за пластика и за лименки. Ги замолуваме сите кои имаат неопходна потреба за депонирање отпад, тоа да го сторат во камионот на ЈКП „Маврово“ кој ќе биде на располагање на околу 500 метри пред Галичник. Апелираме до сите галичани и посетители да се придржуваат до овие правила и да ни помогнат во непречено и беспрекорно организирање на настанот, рече Костиќ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Евростат: Жените во ЕУ живеат подолго од мажите

August 8, 2025

Известителка на ОН: Србија крши голем број меѓународни обврски и се движи кон самоволна власт

August 8, 2025

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025
ФОКУС

Фајненшел Тајмс: Бостонска консултантска фирма направила нацрт-план за преселување на 25 отсто од Палестинците во Сомалија

ВЕСТИ August 8, 2025

Глобалната консултантска фирма од САД, Бостон Консалтин Груп, разгледува планови за преселување на околу 25%…

Мерц: Германија го запира извозот на оружје за Израел

August 8, 2025

Трамп: Примирјето во Украина „зависи“ од Путин

August 8, 2025

Зеленски ги објави условите пред можни преговори со Трамп и Путин – Русија да престане да убива Украинци и да се согласи на прекин на огнот

August 7, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.