Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пријавите за наводен напад со беспилотно летало во Транснистрија – обид да се предизвика страв и паника во Молдавија

0
By Marija Todorovska on March 18, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 18, 2024 16:17

Бирото за реинтеграција на Молдавија одговори на пријавите за наводен напад на дрон врз воена единица во Тираспол, пренесува Укринформ според NewsMaker.

Агенцијата соопшти дека не можат да го потврдат инцидентот, нарекувајќи го „обид да се предизвика страв и паника во регионот“.

Бирото исто така истакна дека контактирале со други агенции и проучувале фотографии и видеа од местото на инцидентот во Тираспол.

„По проучувањето на снимката и добивањето повеќе информации можеме да известиме дека овој инцидент е обид да се предизвика страв и паника во регионот. Воената опрема што може да се види на снимката не работи во последните неколку години“, соопшти агенцијата.

Бирото истакна дека молдавските власти, кои се во контакт со украинската страна, „не потврдуваат никаков напад врз регионот на Придњестровје“.

Прес-службата на Центарот за спротивставување на дезинформации при Советот за национална безбедност и одбрана на Украина во објава на Телеграм соопшти дека Русија изврши провокација во непризнаеното Приднестровје (Транснистрија) со напад на воена единица со камиказа беспилотно летало.

„Русија изврши провокација во Транснистрија со напад со камиказе беспилотно летало врз воена единица. Главната логика на дејствијата на Кремљ е информативната ескалација на ситуацијата, бидејќи Руската Федерација нема коридор до Придњестровје за да изврши воени провокации. “, соопштија од центарот.

Како што пренесува Укринформ, во соопштението се додава дека Русите се обидуваат да извршат провокации и да манипулираат со информативниот простор, ширејќи фалсификати.

Претходно на 17 март, непризнаената отцепена област Транснистрија (Приднестровје) во Молдавија пријави експлозија и пожар во воена единица во Тираспол како резултат на напад со камиказе беспилотно летало. Исто така, беше објавено дека пожарот по ударот можел да уништи хеликоптер.

Драган Мишев / Цивил Медиа

Молдавија провокации
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 26, 2026

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

ВЕСТИ January 26, 2026

Цената на златото денес за прв пат во историјата надмина 5.000 долари за унца, продолжувајќи…

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026

Казните од Сејф Сити – од 20 до 400 евра

January 25, 2026

31-ви конгрес на СДСМ: Жестоки критики од Филипче за власта – Ја сведовте државата на последната дупка на Балканот – Европа не отпиша, Америка не нè запишува

January 24, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.