НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Приказна за стаорецот, Путин и Груевски

0
By Биљана Секуловска on November 7, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Веќе на сите им е јасно на кој начин странците го убедуваат Груевски да прифати се што претходно потпишал, сеедно што е со одолговлекување од неколку недели. Се разбира, се работи за минско поле, шпекулации кои сепак остануваат во таа сфера, колку и да изгледаат веројатни и веродостојни, судејќи според информациите кои на сите им станаа достапни, благодарејќи на бомбите, или едноставно кажано- изминатиот труд на Груевски.

Но, за да бидат разгледани сите опции пред кои е соочен Груевски, откако го стави потписот за министер за внатрешни од редовите на СДСМ, можеби треба да се сетиме на една приказна за Путин, којзнае дали е фиктивна сказна од неговото детство, но тоа сега е навистина сеедно. Начинот на кој се справува Путин со опасностите, тогаш кога е протеран и притиснат до самиот ѕид, тоа е таа приказна за научените одбранбени механизми на големиот лидер, која влече корени од неговото детство.

За тоа детство Путин подоцна ќе се фали на цел глас дека бил хулиган и дека не сака да биде ставена под прашање таа квалификација. Како вели тој, кога некако не му веруваат новинарите дека го примаат дури во шесто одделение во пионерското друштво, практично во длабока старост за руските прилики: “Ме навредувате. Јас навистина бев хулиган”.

Но, за приказната. Тој е практично уште дете, жилаво и со “намалено чувство за опасност”, што подоцна ќе му биде запишано како загрижувачка особина, напишана со црн фломастер и подвлечена со црвен. Кога велам подоцна, мислам на деновите кога е регрут како разузнавач, кога алармот е вклучен за неговите учители кои се разочарани од младичот со голем талент и посветеност, но слаб капацитет да делува соодветно пред опасни ситуации.

Затоа што најнесоодветниот начин да се справите со опасноста е да се биде студен и незаинтересиран, мора да си лесно напнат, вели Путин. Но, тој се раѓа со тој игнорантски однос кон опасноста, што подоцна и неговата Русија и целиот свет ќе ги чини премногу страв и предолги моменти на паника.

Сепак, да се вратиме на малиот Путин, кој во тоа време научува лекција која подоцна ја користи и во најбезазлените ситуации, како да се справи со директната опасност, во која денес влетува секојдневно и секогаш се чини дека во тоа ужива, што е застрашувачка опција за сите нас.

Сцената во оваа приказна се случува при бркањето на еден стаорец, лов кој трае навистина предолго и за Путин и за гнасното животно, кога доаѓа до пресврт во надмоќта. Стаорецот, после очајната борба за живот, станува притиснат во еден ќош, а над него надвиснат Путин, се зборува дека во раката имал камен, кој е последната пресуда за животното.

Одеднаш, стаорецот се свртува кон Путин и решава да ја заврши битката на славен начин, наместо да се покори и да и се предаде судбината. Стаорецот вака притиснат, сфаќа дека доаѓа моментот на избор- живот или смрт. Животното сфаќа дека сега се повлекува најдоброто решение, тогаш кога веќе заканата за ликвидација е веќе не е опасност, туку готов чин, тогаш кога погребалната канцеларија ги пратила веќе гробарите, лопатите се ставени настрана, затоа што само прашање на секунди се кога се симнува ковчегот. Затоа, стаорецот ја одбира најдостоинствената тактика и го напаѓа малиот Путин и сега е тој, подоцна големиот Путин, тој е оној кој треба да бега, да се брани и да се соочува со прашањето на живот или смрт.

Тогаш кога набрзина ќе почнеме да го листаме календарот, многу децении подоцна од оваа школска лекција за Путин, времето на помината опасност не смее да се потценува и кога станува збор за Груевски. Потписот негов е пред нас, последниот се однесува на нов министер за внатрешни работи, кој доаѓа во рацете на СДСМ, вака лаички се изгледа беспрекорно според сценариото од Пржинскиот договор.

Ситуација која не смее лаконски да се прифати, затоа што опасноста допрва би можела да следи, сценарио кое не смее да се испушти од вид, како што не смее да се заборави дека мора да се разработат неколку можни решенија за ургентен излез од опасноста. Груевски е сега притиснат до ќошот, оној ист ќош во кој беше притеран стаорецот на Путин, кога камбаните ја отчукуваа разделбата, која сите во целата таа бркотница ја дочекавме со олеснување. Бевме улулкани и занесени во навивањето Путин да се справи со непријателот, еднакво како што Путин се предал на фантазијата дека приказната е готова а медалот за некој момент ќе виси на неговите гради.

Затоа, кога станува збор за Груевски, ниту една приказна не може да биде кажано дека е довршена, ниту пак затворена страница. Сега, барем од она што може да се заклучи, тој изгледа крајно огорчено и разочарано, особено тогаш кога ќе се сети на едно старо тврдење на Путин- “Пријателите не ме предавале”. Во случајот со Груевски тоа е невозможно да го помисли, најмалку да го изусти кога ги дава оние интервјуа на телевизиите и новинарите во кои е сигурен. Но, нему му останаа малку време и премалку луѓе за да се чувствува сигурен и заштитен, за да тврди дека нема предавства од најблиските. Тогаш кога царството се руши, на ум доаѓа само една земја. Русија, онаму каде што којзнае како живеат последните остатоци од фамилијата на Милошевиќ, иако сведочењата говорат за комплициран живот, во земјата каде се случува приказната со стаорецот и Путин, а крајот на таа приказна секако дека е познат.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Воени сцени во центарот на градот

ВЕСТИ August 16, 2025

Граѓани и студенти и ноќва се судрија полицијата.

Белград: Центарот на главниот српски град и ноќва е поприште на немири

August 15, 2025

И вечерва протести низ Србија

August 15, 2025

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

August 14, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.