„Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска, режисерката двојно номинирана за „Оскар“ е откупен од National Geographic Documentary Films, еден од најреномираните светски дистрибутери на документарни остварувања. Филмот годинава ја доби „Наградата на Музата“ за најинспиративен филм на Биеналето во Венеција, предизвика овации на преполните проекции во Торонто, а стана и македонски кандидат за наградата „Оскар“ за најдобар интернационален филм. Ова е прв пат во историјата на македонскиот документарен филм да биде откупен од овој светски канал.
Откупот од National Geographic Documentary Films значи дека „Приказната за Силјан“ станува дел од глобалниот каталог на еден од најреномираните дистрибутери на документарни филмови во светот.