Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Приведени 13 лица по масовна тепачка пред градската болница во Прилеп

0
By Marija Todorovska on September 19, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Прилепската полиција приведе 13 лица по масовна тепачка пред градската болница „Борка Талески“ во Прилеп. Физичката пресметка била меѓу две групи кои, за полицијата да ги смири, службено лице пукало во воздух. Инаку, на три лица им е укажана лекарска помош кои се здобиле со полесни телесни повреди од удари по главата.

Како што информираат од СВР Битола во прилепската полиција денеска околу 12 часот  било пријавено дека пред Градската општа болница ,,Борка Талески“ во Прилеп настанала физичка пресметка помеѓу повеќе лица, кои употребиле дрвени и други предмети.

На местото се испратени полициски службеници, но лицата не постапиле по нивните наредби да престанат, по што еден од нив испукал неколку истрели во воздух од службениот пиштол. Во Полициската станица во Прилеп се приведени 13 лица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, информира Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола.

Основниот јавен обвинител Лидија Салатоска од прилепското обвинителство потврдува дека пред болницата настанала масовната тепачка и полицијата морала со истрерли во воздух да ја смирува ситуацијата.

Тепачката помеѓу двете групи почнала изутрината во селото Бела Црква, општина Кривогаштани. Ситуацијата со физичката пресметка се префрлила пред градската болница во Прилеп, вели Салатоска која не може да каже за мотивот на пресметката.

Од Итната медицинска помош информираа дека пред да се појават групите, три лица побарале лекарска помош. Имале лесни телесни повреди, главно од тупаници и не биле во никаква животна опасност. Сепак биле пратени на натамошно лекување во хируршкото одделение во Болницата.

По лицата кои барале лекарска помош, веднаш се појавиле двете групи кои ја продлжиле физичката пресметка пред Болницата по што полицијата интервенирала и 13 лица биле приведени.

Градска болница масовна тепачка Прилеп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.