Приведени се три лица од гостиварското село Врбен кои се сомничат дека пред неколку дена одзеле различни предмети од викенд куќа во Маврово.
Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека се приведени И.З.(36), И.З.(39) и М.З.(70). Кај нив биле пронајдени најголемиот број од украдените предмети кои ќе му бидат вратени на сопственикот.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.