Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Привремениот граничен премин Стрезимир-Рестилица отворен до 25 септември

0
By Marija Todorovska on July 30, 2024 ТИКЕР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дебар: Граничниот премин Стрезимир-Рестилица на македонско-косовската граница, отворен е за минување за граѓаните од двете земји, што е последователна одлука на македонските и косовските власти за овој премин во летниот период.
Преминот, е лоциран во местото Луково Поле, на тромеѓето Македонија – Албанија – Косово, поточно на заедничката гранична линија помеѓу Република Северна Македонија и Република Косово.

Веста за МИА ја потврди градоначалникот на општина Маврово и Ростуше Медат Куртовски, со чие залагање, по подолг период, преминот во летниот период е отворен од 2018 година.

– И овој летен период повторно ќе можеме да се движиме и дружиме со нашинците од Гора и се надеваме дека овој граничен премин во блиска иднина ќе биде функционален преку цела година во интерес на двете страни. Овој премин ќе биде многу значаен за развојот на туризмот на општините од
двете страни на границата, како и за меѓусебното поврзување на жителите од општините Маврово и Ростуше, Центар Жупа и Дебар со жителите на општините Рестелица, Драгаш и Призрен, потенцира Куртовски.

Граничниот премин ќе функционира секој ден од 8 до 20 часот, а за преминување ќе важат истите
правила како и на другите гранични премини, односно документ за идентификација, пасош или лична карта.

Како привремен, овој премин официјално профункционира во август 2003 година и се користеше од март до октомври од 7 до 19 часот. Но, поради несоодветната патна инфраструктура, фреквенцијата беше минимална, по што беше целосно затворен.

По подолг период отворен беше во 2018, во истиот летен период, потоа и следната година, не се отвори во 2020 поради пандемијата. Последните четири години отворањето е редовно.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.