Не постапувањето по правосилните решенија не е непознато во македонската пракса. Два такви карактеристични случаи има во Царинската управа каде двајца поранешни вработени кои биле незаконски избркани од работа, не можат да се вратат на своите работни местa и покрај одлуката на Второстепената комисија на владата .
-Цели пет години Царинската управа одбива да ги спроведе правосилните решенија, додека двајцата поранешни вработени се на улица и тоа се во обид да и се даде погрешна слика на јавноста, вели Уранија Пировска извршен директор на Хелсиншкиот комитет, во осмата емисија на ПРОЦЕС.