Македонија се враќа чекор назад со паралелниот увоз на застарен тип на инсулини. Увезува кинески апарати кои не го мерат точно шеќерот во крвта, постојано има недостиг на инсулини или пак, увезува сомнителни кои не делуваат. Ова се само дел од проблемите со кои се соочуваат луѓето со дијабетес за кои во ПРОЦЕС зборуваат Бобан Несторовски од Здружението „БУВ“ и Цвете Серафимоски од Здружението за детски дијабетес „Баланс МК“.