Над 80 медицински сестри останаа без работа како резултат на реформите кога матичните лекари од јавното здравство станаа концесионери. Медицинските сестри обвинуваат дека тогаш на лекарите им беа дадени сите права, а тие добиле само обврски.
Осум години подоцна, дел од нив останаа на улица бидејќи некои од лекарите се пензионирале, го напуштиле јавното здравство или починале.
Во денешната емисијата ПРОЦЕС заедно со Уранија Пировска извршен директор на Хелсиншкиот комитет го анализираме нивниот проблем. Погледнете го видеото.