Во денешната емисија Процес, заедно со Неда Чаловска од Хелсиншкиот комитет го анализираме случајот на Славчо Митевски од Штип кој цели 17 години води судски спор со Агенцијата за вработување.
Поради должината на траење, овој судски процес слободно може да влезе во Гинисовата книга на рекорди. Пред неколку дена Судот за човекови права во Стразбур донесе одлука во корист на Митевски, за судење во неразумен рок со што тој ќе добие оштета од над 4000 евра, а процесот се уште не е завршен.
Каде затајуваат институциите, зошто нивните пропусти ги плаќаат граѓаните од свој џеп?
Автор на емисијата е Менче Атанасова Точи.