Што се крие зад судирот меѓу Диме Спасов и Фросина Ременски, новата министерка за труд и социјала; дали функционира релацијата со опозициските министри во Владата; зошто како министер Ременски нема обезбедување кое и следува со Закон, а поранешни функционери од владеачката партија се уште имаат.
Дали сиромашните граѓани може да се надеваат на редовна социјална помош, ќе се ревидира ли работењето на Агенцијата за вработување која секојдневно отпишува граѓани од листата на невработени поради методологијата на задоцнување. На овие и многу други прашања, во ПРОЦЕС одговара Фросина Ременски, министерка за труд и социјала.