Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Продолжуваат проблемите со поплавите во областа Тесалија, дел од автопатот Солун – Атина останува затворен

0
By Ана Василевска on September 11, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Водата во грчката област Тесалија полека се повлекува, со што се открива и големината на катастрофата предизвикана од поплавите, меѓутоа продолжуваат проблемите за жителите на регионот, додека пак делови од автопатот Солун- Атина и понатаму се затворени за ообраќај во двата правци, јави дописничката на МИА од Атина.

Паралелно постојат предупредувања за опасност за јавното здравје во поплавените подрачја, а на граѓаните им се препорачува да користат флаширана вода и пакувана храна.

Портпаролот на противпожарната служба на Грција Јанис Артопиос говорејќи за грчката телевизија Скај утрово рече дека вниманието сега е насочено кон долината на Темпи, затоа што нивото на реката Пиниос се повлекува во Лариса, Трикала и Кардица, но обемот на вода се префрла кон долината.

Невремето „Даниел“ остави зад себе 15 жртви, двајца исчезнати, пар од Австрија, илјадници евакуирани, но и целосно поплавени и уништени села.

Во неколкудневните акции за спасување и евакуирање на жителите заглавени во поплавите над 5.000 лица беа извлечени и пренесени на безбедносни локации.

Од противпожарната служба на Грција соопштија дека заклучно со вчера беа спасени 4.500 лица, додека пак крајбрежната служба, по морски пат од регионот на Пилио во близина на Волос 422 лица.

Во спасувачките акции беа вклучени и припадници на грчката армија.

Невреме во Грција со поплави Солун-Атина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025
ФОКУС

Марија Корина Мачадо добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година

ВЕСТИ October 10, 2025

Нобеловиот комитет соопшти дека добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година е венецуелската…

Израелската влада го одобри договорот со Хамас

October 10, 2025

Трамп: Ја завршивме војната во Газа

October 9, 2025

Скопје: Втор ден Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“: Заштита на демократијата и изборниот интегритет

October 9, 2025
ТИКЕР

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.