Херојството е во чинот. Чинот на жртвување. Но, херојството е и во свеста за него. Тоа е морална a не категорија. Морален чин. Висок изблик на тој чин. Моралот е тука се. И целовитоста на човекот. Човекот херој. Такви херои, кои верувале во ѕвезден миг, во Народноослободителната војна, одважно оделе кон смртта и не се плашеле да ги дадат своите животи за создавањето на првата македонска држава – Македонија.
Јуришале против фашистичкиот окупатор (германски, бугарски, италијански) балистите, четниците, бугарофилите и други народни непријатели, се бореле со нив и храбро гинеле.
Такви беа: 1. Перо Георгиев – Чичо, 2. Боро Менков, 3. Бајрам Шабани, 3. Орце Николов, 4. Борка Талески – Модерното, 5. Таки Даскалот, 6. Елпида Караманди, 7. Цветан Димов, 8. Васил Антевски – Дрен, 9. Мите Богоевски, 10. Стефан Наумов – Стив, 11. Невена Георгиева – Дуња; 12. Страшо Пинџур, 13. Мирче Ацев, 14. Раде Јовчевски – Корчагин, 15. Илија Антевски – Смок, 16. Ванчо Прке и 17. Коста Рацин.
(Редоследот е според годините на загинување 1941 – 1945).
Во нивно име, во име на умрените и живите борци од НОБ и името на огромен број граѓани докажете на дело дека сте партизанска ќерка и упатете апел до Собранието, Владата, Советите на општините и нивните градоначалници да ги вратат имињата на народните херои на македонската држава со кои беа именувани училишта и други јавни установи и објекти како и улици кои од идеолошки и политички причини беа заменети во изминативе 24 години од осамостојувањето на Република Северна Македонија.
Истовремено заложете те се да се вратат бистите на бројни херои коишто без објаснување беа поместени од јавните места на кои беа изложени.
Д-р Тито Беличанец, редовен професор во пензија