Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Професионалци, активисти, средношколци – за активно европско граѓанство

0
By Нова ТВ on December 9, 2013 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Асоцијацијата за напредок, едукација и лобирање, викендов, во Скопје организираше два еднодневни семинари за активно европско граѓанство за демократија и учество, а во рамките на семинарите спроведе и анкета за перцепцијата на поимот граѓанство и граѓанската улога во демократскиот живот во Македонија.

Целта на двата семинара беше да поттикнат подобро разбирање на поимите граѓанство и европско граѓанство меѓу учесниците, како и да го промовираат граѓанското учество во демократскиот живот.

Помеѓу активностите имаше еден семинар за претставници на невладини организации, политички партии, синдикати и слично, и еден за средношколци:

-Еднодневен семинар во хотелот „Континентал“ за 30 претставници од различни невладини организации, политички партии, синдикати, како и младински и просветни работници кои имаат работилници и дебати за граѓанско образование и истражување на перцепциите за поимот граѓанство и европско граѓанство. Учесниците на работилниците имаа прилика да дискутираат и да се здобијат со повеќе знаење за политиката на ЕУ и активното учество на возрасните и младите во поттикнување на чувство за граѓанство меѓу локалното население.

-Еднодневен семинар во средното угостителско училиште „Лазар Танев“, за 30 ученици од различни средни школи кои имаа креативни неформални работилници за граѓанско оброзование. На работилниците се разговараше за тоа што е граѓанство, граѓанин, права и должности на граѓаните, исторски развиток на граѓанските права.

Проектот „Aктивно европско граѓанство за демократија и учество: Поврзување на ЕУ и Западен Балкан“ е заедничка активност на 6 организации од Македонија (Асоцијација за напредок, едукација и лобирање – НЕЛ), Албанија (Beyond Barriers), Србија (Balkan Idea), Полска (Robert Schuman Foundation), Англија (АSHA Foundation) и Германија (European Intercultural Forum). Проектот е финансиран од програмата „Europe for Citizens“ (Европа за граѓаните) на Европската Комисија, трае 17 месеци и се состои од повеќе активности кои ќе бидат реализирани во Македонија, Србија, Албанија и Германија:

– Првата фаза беше во септември 2013-та кога се одржа состанок за договарање на активностите на проектот во земјите-партнери на проектот во Тирана.

– Втората фаза се еднодневните семинари во Скопје, Тирана и Нови Сад и спроведување на анкетата со која се истражува перцепцијата на поимот граѓанство и граѓанската улога во демократскиот живот во Македонија, Србија и Албанија.

– Третата фаза се регионални состаноци за активисти/младински работници/професионалци во полето на граѓанското образование и политиката на ЕУ, кои ќе бидат одржани во Берлин (учесници од Германија, Англија и Полска) и Скопје (учесници од Македонија, Србија и Албанија) во април 2014-та.

– Последната фаза е финалната конференција во Тирана (во септември 2014-та) за цивилно оброзавание и европско граѓанство, како и за влијанието на политиките на ЕУ во процесот на зајакнување на демократското учество на сегашните и идните граѓани на Европската Унија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.