Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Профил: Жената која ги соопштува најважните вести во Северна Кореја

0
By Нова ТВ on January 7, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Кој друг би и ги соопштил вестите на севернокорејската јавност дека е тестирана хидрогенска бомба, ако не најпознатиот спикер на нацијата Ри Чун-Хи.

Во средата навечер облечена во севернокорејска национална носија која е и нераскинлив дел од нејзиниот имиџ, Чун-Хи ја подгреа атмосферата излегувајќи на телевизија и најавувајќи дека има големи вести за нацијата.

Неколку миниути по најавата свечено и со карактеристичната страст во манир гордо и убедливо информираше дека се случил настан „кој ќе направи светот да се огледа на нивната силна нуклеарна земја“. Северна Кореја ја тестираше, како што рече, својата прва хидрогена бомба.

Моќната баба на тоталитарната држава беше назад на екранот во полн сјај.

Дел од креирањето на тоталитарната историја

Најпознатата севернокорејска ТВ спикерка е родена во 1943 година и учела и работела како глумица пред да ја започне ТВ кариерата во 1971 година на единствениот телевизиски државен канал во Северна Кореја.

Позната како „народната спикерка“ таа од тој ден натаму ги зграби ТВ екраните за наредните 40 години, користејќи го својот драматичен опсег да обезбеди емитување на различни тонови – од длабоко тажен до чист заканувачки.

Иако во последно време е надвор од вниманието, Ри-Чун ја држеше раката на нацијата низ многу тешки моменти изминатите декади.

Таа прва ги соопшти вестите за смртта на лидерот Ким II Сунг во 1994 година, плачејќи додека ја пренесуваше тажната вест.

Таа стоички ја уверуваше нацијата дека нема простор за паника за време на ексалациите помеѓу Северна и Јужна Кореја во 2010 година и повторно тажалачки и со плач ја соопшти веста за смртта на вториот лидер од лозата Ким Јонг II во 2011 година.

Да се зборува нежно

Во 2012 тогаш 69 годишната севернокорејска спикерка даде интервју за кинеската државна телевизија најавувајќи го своето повлекување од ТВ екраните.

„Многу од спикерките денеска се млади и убави“, рече скромно таа. „И многу посоодветни да се појавуваат пред гледачите“.

Таа за телевизијата, исто така, сподели своевидни трикови за добро претставување пред гледачите.

„Кога и читаме на Демократската народна република Кореја (официјалното име на Северна Кореја) не треба да звучиме како да се дереме, туку да им зборуваме нежно на гледачите“, рече таа.

Нејзините разнобојни интерпретации привлекоа огромно внимание во светот, а нејзините настапи биле предмет на сатира насекаде, па и во Македонија каде што нејзини извадоци од севернокорејските вести често се користат за да се исмеат провладините медиуми. И покрај нејзините нежни говори таа во западната јавност е популарна по тонот кој го употребува во сериозни прилики.

„Тоа е глас полн со омраза. Ме потсетува на Орвеловата 1984“, вели Брајан Мајерс, аналитичар специјалист за севернокорејска пропаганда. „Тоа е глас натоварен со презир и омраза“.

Сторијата е превземена од CNN

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.