НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Програмата за култура е партиски документ

0
By on March 28, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Партизацијата на културата, непостоењето критериуми за финансирање, комисиите како параван на одлуките на министерот и улогата на независната културна сцена беа прашањата на денешната дебата „Културни политики или список на теснопартиски интереси“

Денешната јавна дебата, организаторите „Плоштад слобода“ и ЈАДРО ја посветија на трагично починатиот новинар Никола Младенов.

„Отвораме фронт на кој ќе паднат многу вистини“, рече Искра Гешоска претседателката на ЈАДРО. Таа најави дека отворените дебати за ургентните прашања од културната политика ќе се одржуваат редовно.

Гостите Оливер Белопета, директор на Скопскиот џез фестивал и член на Советот за култура при Министерството за култура, Роберт Алаѓозовски, продуцент во културата и претседател на Советот за култура на СДСМ и Ѓунер Исмаил, поранешен министер за култура, со спротивставени ставови за начинот на распределба на буџетските пари за култура.

„Средствата за култура на овој начин се делат од 1998 година и се уште нема прецизирани критериуми за тоа како и за што се делат парите. И се разбира дека има многу пропусти. Ако се погледнат резултатите од годишната програма, тешко може да се препознаат теснопартиски интереси. Во огромен процент се работи за непартиски организации. . Во овие 20 години државата е комплетно партизирана. Културата никогаш не играла пресудно влијание на некои избори и можеби и тоа е причината поради која е помалку партизирана.
Во конкурсот не е јасно наведено кои се критериуми и тоа е проблем кој се влече со години.

Нелогично во конкурсот е тоа штосе јавуваат и државните установи како НУБ, МОБ…,а тие никаде во светот не се јавуваат на таков конкурс. Тие понудуваат програма и министерството соодветно ги финансира. Од следната година на тој конкурс нема да се јавуваат националните установи. . Главниот проблем лежи во желбата да им се дадат пари на што повеќе корисници и како резултат на тоа се појавува урамниловка.

Мора да се врати стара одредба во законот за култура која го ограничуваше министерот. Сега тој може по своја волја да додели дури 50 проценти од финсиите и не постои никаков законски контролен механизам.

Независната сцена ја сметам за душа на целата култура, демократски слободи и граѓанските концепти. Имаме проблеми како независни, тоа е немањето простор и упатеноста на централната наместо на локалната власт. Затоа што имаме централизирана култура и мора да ни се случи децентрализација. Се се одлучува од едно место уште од 2004. година.“, рече Белопета.

На ова реплицираше Ѓунер Исмаил кој рече дека во хистерично партизирана држава, културата не е независен остров.

„По 24 декември ние живееме во друга реалност. Да потсетам дека пред 3 и кусур месеци тие „непартиски“ директори на нецели 200 метри од овде држеа митинг во функција на артилериска подготовка на она што се случи на 24. декември. Тие „непартизирани“ војници држеа еден хистеричен митинг за буџетот. Режимот се кредитираше и од поддршката на луѓе кои се познати како „творци во културата“.
Програмата за култура е ригидно партиска и политичка и во Министерството строго водат сметка некој „погрешен“ да не се случи да добие пари, а ако случајно добие, се прави се’ тој да биде понижен. Нормално е дека комисиите се непознати, и тоа е од шричина што истите се измислени за да бидат параван и да го штитат министерот.

Само пред 24 часа дознавме дека буџетот за култура и не е така скуден. Ако објектот на стариот театар чини 40 милиони евра . Спомениците чинат по стотици милиони ерва значи пари има. Проблемот е што партискиот врв одлучува за тие пари.

Во хистерично партизирана земја не постои независен остров кој се вика култура и тука луѓето не се непартиски, а менаџирањето со институциите го прават луѓе од културата и тие ја тераат својата работа професионално. Проблемот е што партискиот врв одлучува за тие пари, за се’. Во Македонија никогаш не се воспостави модел на политика кој ја стимулира културата а притоа не очекува ништо за визврат. Политиката очекува контрауслуга, неависно од тоа дали е медуим. Очекува да биде контекстуализирана и пофалена, и тоа е проблем уште од 1991 година.

Уште од тогаш Македонија се соочи со вулгарен модел на либерализам и тој некритички применет модел подразбираше дека културата е трошок, рече Исмаил

Според Алаѓозовски програма за култура е инструмент (жив мртовец) и бесмислено е да се говори за културни политики и позитивни решенија.

„Оваа власт го направи тотално небитен и нерелевантен конкурсот за култура бидејќи најде начин своите желби да ги реализира по секоја цена.
Контекстот во кој живееме не’ наведува дека еден ден ке мора да се стартува одново со запазување на базичните процедури. Можеби минатите децении бевме немушти, не знаевме, сега мислам дека дискусрсот на културните политики и практицирањето на културата ни е познат и мора да се организираме на базичен демократски начин и не смееме да имаме проблем со имплементацијата. Вешти луѓе треба да создадат политика која после ќе се импелементира. Денес, Програмата на Министерството за култура или Стратегијата за развој се еден немушт текст составен во некои кабинети на МАНУ и оставен на јавноста која со своите желби прави дополнителен хаос и документот станува тотално неупотреблив.“

Учесниците на дебтата беа едногласни дека во вакви услови значајна е улогата на независниот културен сектор и покрај сите проблеми со кои се соочува

Мисијата на независниот културен сектор е сериозна и ги надминува привичните постулати. Во овој контекст таа е чувар на нормалноста. Таа не смее да прави компромиси со својата етика и визии. Ако е експериментаторска, демократска, либерална и секуларна и атеистичка таа треба таква и да остане, беше речено на дебатата.

Во дебатата во ГЕМ се вклучија и Златко Теодосиевски, Софија Куновска, Ивана Драгшиќ и Никола Писарев со свои коментари и предлози. Иако поканети – немаше претставници на Министерството за култура.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025

Хакери украле податоци од хотели на десет илјади туристи во Италија

August 13, 2025

Водата во Пехчево не е безбедна за пиење

August 13, 2025

Експлозија во фабрика за експлозиви во Бразил уби деветмина и повреди седум лица

August 13, 2025

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025
ФОКУС

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

ВЕСТИ August 13, 2025

Израелската војска денеска повторно го бомбардираше градот Газа пред планираното преземање, при што уште 123…

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.