Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Промена на грбот“ – стекнување дневни партиски поени и оттргнување на вниманието од суштинските проблеми

0
By Marija Todorovska on February 14, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По една деценија повторно се отвара прашањето за смена на државниот грб во Северна Македонија. Последен пат промена на грбот предложи Владата на Никола Груевски во 2014 година, но не успеа да обезбеди двотретинско мнозинство за поддршка на оваа идеја. Стануваше збор за црвен лав на златно-жолта позадина во форма на штит, како и круна во горниот дел во форма на тврдина. Меѓу објаснувањата на тогашната власт беше дека Македонија и Белорусија биле единствени во Европа што имаат државен грб инспириран од советската хералдика.

Дестан Јонузи

Отворањето на прашањето за промена на државниот грб, отвори широка политичка дебата во земјата.

Ивон Величковски – лидер на Движењето за нова република, поранешен пратеник и лидер на Либералната партија смета дека темата за „промена на грбот“ е вовед во дополнување на Уставот согласно Преговарачката рамка.

– Бидејќи политиката е прашање и на конзистентност – и денес останувам(e) на кажаното: промената на социјалистичкиот грб на Северна Македонија е точката на постигнување 2/3 мнозинство во Собранието за прашањата по кои општеството има консензус, а традиционалните партии се уште немаат храброст да го признаат. Или обратно – Противењето на иницијативата за промена на државниот грб треба да им обезбеди на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ алиби за саботирање на дополнувањето на Преамбулата и откочување на преговорите со ЕУ, анализира Величковски.

Бидејќи мнозинството, додава тој, за уставните промени се тестира преку „2/3 мнозинство за промена на грбот“, обидот за стекнување дневни партиски поени преку:

– директно спротивставување на промената на социјалистичкиот грб на Северна Македонија од СДСМ (како наследник на СКМ)… или
– лицитирањето со „графички решенија“ од ЛДП кои ја подриваат историската поврзаност на Македонците и Албанците со лавот како хералдичко решение…
…е „музика за ушите“ на ВМРО-ДПМНЕ, кое пред дипломатите ќе добие „оправдување“ зошто не може да дојде до 2/3 мнозинство за уставни промени согласно Преговарачката рамка.

Политичкиот аналитичар Бесим Небиу за Фронтлајн вели дека секое отварање на Уставот е трауматично за општеството, затоа државничка и паметна политика би било да се отворат и затворат сите битни прашања едновремено.

– Секое отворање на македонскиот Устав е клучно прашање што има значајни политички, правни и општествени импликации. Промените се поврзани со усогласувањето со меѓународните обврски и европската интеграција, но истовремено отвораат и внатрешни прашања поврзани со меѓуетничките односи, идентитетот и уставниот поредок. Секое отварање на Уставот е трауматично за општеството, затоа државничка и паметна политика би било да се отворат и затворат сите битни прашања едновремено, изјави Небиу.

Покојниот, поранешниот претседател на Собранието, Стојан Андов пред четри години во раговор со новинарот Дестан Јонузи, зборуваше за промена на државаната Химна.

– Нашата химна е единствена во која се спомнуваат конкретни лица, тоа не се практикува во химните на европските земји. Во нивните химни се обраќаат на Бога, или на кралот и кралицата, како во британската химна, да речеме. Но, тоа не се прашања за кои сега треба да разговараме. Ова е за да се тргне вниманието од она што е суштинско и ајде ќе разговараме за химната – вели Андов.

Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека со владиниот партнер ВЛЕН разговарале на оваа тема.

– Ова прашање го отворивме. Ние сме една од двете постсоцијалистички држави што сè уште го имаат стариот државен грб, со некои мали модификации, рече Мицкоски.

Премиерот потсети дека договор за менување на државниот грб имало и меѓу ВМРО-ДМПНЕ и ДУИ кога тие биле во истата влада.

– Знам дека имаше договор помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за промена на државниот грб, тоа беше пред неколку години, ако не се лажам во 2014, 2015 година. Ние ова прашање го отворивме и ценам дека ние сме една од двете држави постсоцијалистички коишто се уште државниот грб го имаат оној стариот со некој модификации. Но, кратко да кажам: имаше договор помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ кога бевме во иста влада, кога таа влада ја водеше Никола Груевски, рече Мицкоски.

Владиниот партнер на Мицкоски коалицијата ВЛЕН се согласува со отворање на дебатата за промена на грбот и другите државни симболи, но под услов пакетот измени да биде поширок. Лидерот на Беса Билал Касами рече дека идејата ја покренал премиерот на средба со лидерите на ВЛЕН, но нема конкретен договор.

„Нашиот став како коалиција ВЛЕН е даден дека доколку сме подготвени да зборуваме за такви промени, тоа треба да биде во рамките на пакетот уставни измени кои ќе вклучуваат ревизија на сите оние симболи на државата кои доаѓаат од минатото, но во исто време и за она на што ние инсистираме како коалиција ВЛЕН, отстранување на дефиницијата што е навредлива за нас за албанскииот јазик“.

СДСМ е против промена на државниот грб и државната химна. Велат дека остро ќе се спротивстават.

– Сметаме дека државниот грб сосем соодветно ги отсликува сите хералдиски карактеристики на ова поднебје. Јасен е континуитетот и од придобивките на Народноослободителната и антифашистичка војна, нема никаква поделба во однос на етнички групи. Доколку има таква иницијатива со сите демократски средства најостро ќе се спротивставиме на промена на државниот грб, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

За ваквата иницијатива се изјаснија и од Либерално-демократската партија (ЛДП), од каде предложија рисот како карактеристичен вид на државата да биде поставен на новиот грб. Според партијата „тоа е симбол кој со ништо нема да потсетува на било која соседна држава и да создаде проблеми.

По една деценија повторно се отвара прашањето за смена на државниот грб во Северна Македонија.

Последен пат промена на грбот предложи Владата на Никола Груевски во 2014 година, но не успеа да обезбеди двотретинско мнозинство за поддршка на оваа идеја. Стануваше збор за црвен лав на златно-жолта позадина во форма на штит, како и круна во горниот дел во форма на тврдина. Меѓу објаснувањата на тогашната власт беше дека Македонија и Белорусија биле единствени во Европа што имаат државен грб инспириран од советската хералдика.

Грбот на Република Македонија е изгласен на 16 ноември 2009 година, со донесување на Законот за грбот и знамето на Република Македонија (Сл. весник бр. 138, 17 ноември 2009 година).

Текстот е сопственост на Фронтлајн

грб Дестан Јонузи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.