Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Промовиран новиот „План за интегритет 2021 – 2024“ на Министерството за одбрана

0
By НОВА ТВ on September 30, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и одбранбеното аташе на Норвешка Даг Магне Лунде денеска го промовираа новиот „План за интегритет 2021 – 2024“ на Министерството за одбрана, изработен во соработка со норвешкиот Центар за интегритет.

Планот за интегритет, нагласи министерката Шекеринска, не го гледаат како формална обврска, туку целта е и со политиките предвидени во планот да се остави нула простор за корупција во одбраната.

– Нашата визија е да развиваме транспарентен одбранбен сектор, со разработен систем што постојано ќе гарантира интегритет. Транспарентноста и интегритетот се клучни состојки ако сакаме да аразвивме т.н. отпорни институции и отпорни општества, порача министерката Шекеринска, додавајќи дека оваа отпорност станува новиот НАТО приоритет, отпорност кон кризи, кон проблеми што се убвезени, кон дезинформации, кон надворешни влијанија…

Во фокусот на Планот за интегритет се шест области – потенцијал за подобрување на состојбите и тоа системот за управување со човечки ресурси, спречување на судир на интереси, елиминирање на ризици за корупција при учество во меѓународни мисии, зајакнвуање на интегритетот при јавните набавки, како и посилни механизми за внатрешна контрола.

Планот предвидува редовна обука за интегритет за сите вработени, а концептот за интегритет, информира Шекеринска, ќе биде вклучен и во образовниот процес на Воената академија, каде се создаваат идните офицери.

Како што појасни Шекеринска во системот за управување со човечки ресурси и во законите и во подзаконските акти, ќе се елиминираат сите можни шанси за непотизам, клиентелизам, врски, т.н. покровителство, што би влијаеле во системот на кариера.

– Во овој момент во нашата држава согласно законите описот на работни места, особено во армиските структури е класифициран податок и затоа согласно овој План ќе направиме целосна анализа во земјите членки на НАТО, кои дел од описите на работние места треба да бидат класифицирани, кој дел од податоците треба да останат надвор од јавниот домен, а кои информации треба да бидат достапни на јавноста. Врз основа на таа анализа ќе даваме предлози за измена на законите, појасни меѓу другото министерката Шекеринска на денешната прес-конференција.

Таа потенцира дека во Министерството за одбрана веќе функционира линијата за укажувачи. Поголемо внимание ќе се посвети и на ризиците од корупција при учество во меѓународни мисии и операции, потенцира Шекеринска и информира дека првпат следната година ќе се изработи официјална политика која ќе ги идентификува можните ризици од корупција при учество во меѓуанродни мисии и операции. Сите наши припадници кои ќе се упатуваат во операции, ќе добијат и соодветна антикорупциска обука, како дел од обуката пред упатување во мисија.

Министерката најави дека ќе се идентификуваат сите позиции и во Армијата и во МО, кои се поподложни на ризици од корупција и во тие делови ќе се предвиди можноста за редовна ротација на вработени, а ќе се изработи и усвои и правилник за набавки во меѓународни мисии и операции.

– Подобро ќе биде регулиран и системот за јавни набавки и ќе се направат попрецизни обуки на поголем број персонал од Министерството за одбрана и од Армијата, појасни Шекеринска, додавајќи оти веќе како држава можеме да ги користиме и набавките преку НАТО Агенцијата за набавки. Најверојатно до крајот на оваа година, најави таа, веќе ќе почнеме да го користиме.

Шекеринска најави зголемена внатрешна контрола, додавајќи оти довербата во институциите е многу важен дел во борбата против корупцијата. Според неа, од клучно значење е да има силни механизми за внатрешна контрола, а во моментот во МО има два типа внатрешни контроли и тоа инспекцијата во одбраната и внатрешната ревизија.

Одбраната, потенцира Шекеринска, стана сектор кој во исклучително кратко време прерасна во предводник во политиките за борба против корупцијата. Таа потсети дека МО веќе втора година по ред е лидер во активната транспарентност, во споредба со сите други централни и локални институции и дека Транспаренси интернешанл поради политиката во борбата против корупцијата, создавањето интегритет и активна транспарентност, ја рангираше Северна Македониај како втора земја од земјите од Централна и Источна Европа според интегритет во секторот одбрана.

На новинарско прашање кои од шесте области опфатени во Планот ќе имаат приоритет, Шекеринска одговори оти смета дека главниот фокус треба да биде во делот на човечки ресурси и во јавните набавки заради тоа што судирот на интереси се случува кај луѓето.

– Ако имаме добар систем на унапредување и движење во кариера, добар систем на јавни набавки, добар како процес, и судирот на интереси можете да го намалите, елиминирате или да го воочите, рече Шекеринска, додавајќи дека за да се контролираат сите тие што го работат тоа важен е системот на внатрешна контрола.

Шекеринска потенцира дека сите овие планови се дел од генералната политика на Владата, која пред неколку месеци побара од сите институции да направат т.н. антикорупциски план. – Нашиот план за интегритет е План на МО, но е дел од општите политики на Владата, истакна министерката за одбрана.

Според норвешкото одбранбено аташе, Даг Магне Лунд, корупцијата и другите облици на неетичко однесување може да ја нарушат довербата на јавноста во вооружените сили, кои се обично меѓу најсигурните јавни институции во еворпските општества, вклучително и во Северна Македонија.

– На вооружените сили им е потребна континуирана обука за подигање на свеста, соодветни механизми и инструменти, со цел превенција и борба против корупцијата и градење на интегритетот, рече меѓу другото на прес-конференцијата Лунд.

Тој информира дека е изработен и Акциски план од 38 активности со рокови и јасна распределба на одговорностите, кој се заснова на анализа на ризик. Планот е конкретен, реален и бара дејствување и е во согласност со приоритетите на Владата на Северна Македонија за зајакнување на интегритетот во јавниот сервис на земјата.

Според него, овој План е вреден дополнителен придонес и на Северна Македонија и на Норвешка за Алијансата, како и за програмата за градење интегритет на НАТО, што се стреми да ги зајакне структурите за интегритет во сите институции на Алијансата и во институциите на земјите членки.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.