НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Промовирана iOS верзијата на софтвер-апликацијата за лицата со оштетен вид „Кико и Хана“

0
By Соња Крамарска on April 27, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за информатичко општество и администрација во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Националниот сојуз на слепи лица денеска официјално ја промовираа верзијата за iOS уреди на софтвер-апликацијата за лицата со оштетен вид на македонски и албански јазик, симболично наречена „Кико и Хана“, која им овозможува пишан текст да слушнат и разберат во аудио верзија.

Секретарот на Националниот сојуз на слепи, Глигор Самарџиски истакна дека „Кико и Хана“ во изминативе речиси три години станаа дел од секојдневието на сите лица со оштетен вид во нашата држава и веќе ја користат над 2.000  луѓе.

„Нив ги користеа и младите во училиштата и факултетите, но и вработените на своите работни места. Од овие гласови бенефитот нема да се однесува само на лицата со оштетен вид. Потенцијалот на овие гласови е се уште голем и со нивно адаптирање за работа и на Ајфон и Ајпад за овие гласови се отвораат нови можности“, рече Самарџиски.

Тој потенцира дека во иднина се планира овие гласови да добијат уште поголема примена, односно да се слушаат во автобусите за најава на наредната автобуска станица или пак во банките на банкоматите, кои ќе ги исчитуваат менијата и копчињата, и на многу други места кои што ќе бидат од корист за лицата со оштетен вид.

Министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу истакна дека е веќе во постапка вработување на говорен знаковен толкувач во МИОА. Тој посочи дека работат на тоа веб-страниците на институциите да ги исполнуваат европските стандарди во кои што ќе имаат пристап и лица со попреченост.

„Работиме на тоа секој шалтер во државата освен што имаат информации каков тип на сервиси нудат, да имаат Кју-Ар код во кое што секое лице со попреченост при скенирање на Кју-Ар кодот ќе може да има предност за добивање на сервисите во таа одредена институција“, рече Алиу.

 

„Кико и Хана“ IOS апликација
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
ФОКУС

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

ВЕСТИ August 7, 2025

Повисоките царини на претседателот на САД, Доналд Трамп, кои се движат од 10 до 50…

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.