Скопје: Два тунела кои требало да бидат употребени за бегство на непознат број затвореници се откриени во најголемиот македонски затвор КПД Идризово.
Нема официјална потврда за пронаоѓањето на тунелите но, како што јави „360 степени“, редакцијата добила потврда од два упатени и еден од друг независни извори дека во најголемиот македонски затвор, всушност, е пресретнат обид за бегство.