Сараево: Спасувачките служби денеска во Долна Јабланица пронајдоа тела на уште две жртви од катастрофалните поплави кои го погодија овој регион во Босна и Херцеговина. Со ова, вкупниот број на жртви од поплавите во БиХ се искачи на 20.
Сабахудин Спаховиќ од Цивилната заштита истакна дека под урнатините во Долна Јабланица биле пронајдени тела на жена и маж.
Спасувачките тимови и денеска продолжуваат со откопување и потрага по тела, а во оваа мисија помагаат и бројни колеги, волонтери и граѓани.