Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пропагандата на Русија излезе од рамките на било каков морал

0
By Нова ТВ on October 2, 2014 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Украинскиот амбасадор во Македонија, Јуриј Гончарук, во колумна за НОВА ги анализира најновите настани околу украинско-руските односи.

На 25 септември 2014 година, руската страна испрати до Претседателот на Советот за безбедност на ООН писмо во кое ги обвини украинските воени единици за масовно убиство на лица пронајдени во гробовите, во близина на селото Нижња Кринка, 35 км од Донецк.

Слични писма се испраќаат од руските дипломатски установи до владините и парламентарните структури, невладините организации.

На 29 септември Истражен комитет на РФ отвори кривично дело «за геноцид на населението што зборува на руски јазик на териториите на Луганската и Донецката народна република», обвинувајќи ги «неидентификуваните лица од високото политичко и воено раководство на Украина, Вооружените Сили на Украина, Националната гарда на Украина и «Десниот сектор» во наредбите насочени на целосно уништување токму на руските граѓани, што живеат на териториите на Донецката и Луганската Република».

Овие два чекори се елементи на информативната кампања на официјална Москва за дискредитирање на Украина.

Измислените обвинувања се насочени на одвлекување на вниманието на светската заедница од реалните злосторства против човештвото, извршени од руските платеници и терористи, и од неизвршувањето од страна на Русија на Минските договори.

При тоа Русија ниту еднаш не ги осуди случаевите на масовните пресметки со цивилите од страна на терористите, покрај постоењето на конкретните докази и сведочтва за масовното погребување на жртвите на терористите во Словјанск и другите ослободени од нив градови.

А сега за јазикот на документот.

Во извештајот на Набљудувачката мисија на ОБСЕ, од 23 септември, се работи за тоа дека милитантите на «ДНР» соопштија на нејзините претставници за наоѓање на три безимени гроба, во кои се наоѓаа по неколку тела.

Две погребувања се наоѓаат во рудникот «Комунар» покрај селото Нижња Кринка (35 километри на североисток од Донецк), и уште едно – во истото село. Според соопштението, претставниците на мисијата на ОБСЕ видоа на местото две прегради, што се наоѓаат на растојание од 50 метри една од друга, на кои лежеа по 2 тела. Сите трупови почнаа да се распаѓаат.

Претставниците на ОБСЕ исто така видоа осум 9-милиметарски чаури од пиштолот Макаров, кои лежеа на растојание од приблизно 5 метри од човечките останки.

Недалеку од патот на крајот од селото претставниците на ОБСЕ видоа насип од земја, што наликуваше на гроб, на којшто беше поставена табличка со натпис на руски јазик «Умреа за путинската лага» и со имиња (во едниот случај со иницијали) 5 лица. На даската е истакнато дека тие луѓе умреле на 27 август 2014 година.

На тлото на озлогласените факти на екцеси на милитантите, а исто така на направените од нив пречки за работата на Мисијата на ОБСЕ, вклучително нападите на претставниците на мисијата, особено претпоставка и сомнеж предизвикуваат нивната подгитвеност за соравотка со Мисијата и случајноста на наоѓањето од нив на посочените погребувања.

Во извештаите на ОБСЕ не влегоа, сепак, поедините проценки на претставниците на ОБСЕ, меѓу другото загрижува фактот, што Русија се обидуваше да го прикаже тоа како масовна гробнива, што набљудувачите пристигнаа на местото каде веѓе беа собрани претставниците на руските и другите медиуми, и што тие станаа елемент на пропагандистичките напори.

Врз основа на оваа информација и без никакви докази во врска со вината на украинските војници, а исто така не знаејќи ги околностите на оваа трагедија, руската страна категорично ја обвини Украина, Вооружените Сили на Украина, Националната гарда за «масовните убиства» и «геноцид на рускојазичното население».

Разбирајќи го тоа дека Русија ќе треба да одговара за насилството, што владее сега на териториите кои се под контрола на терористите и бројните смртни случаи на цивилте, Москва со помош на својата пропаганда го користи класичниот принцип: «најдобра заштита – тоа е нападот».

Украина на сиот свет најави за цврстата намера отворено и непристрасно да ги истражи сите случаи на масовни гробници и убиства на граѓани за време на борбените дејствија во Донбас.
Ние, исто така, инсистираме на детална истрага на откриените во Нижња Кринка гробови.

Истовремено, поради окупацијата на таа територија од страна на милитантите иследниците на МВР на Украина немааат пристап до гробовите. Неможноста од прелиминарната истрага е исто така истакната во соодветниот извештај на СММ на ОБСЕ.

Од украинските органи за спроведување на законот веќе е отпочната истрага на масовните злосторства извршени од терористите против цивилното население на Донецката и Луганската област.

Така, главната истражна управа на МВР продолжува да ги разјаснува околностите во случајот со масовните убиства во Словјанск по фактот на најдените во јули, по ослободувањето на градот, погребани мачени тела на локалните жители.

Меѓу другото, за време на идентификацијата беа пронајдени тела на 4 парохијани на протестантската црква кои милитантите на Гиркин ги имаа киднапирано и по измачување убиено затоа што луѓето и помагаа на украинската армија, а исто така ги одзедоа нивните автомобили.

Истражниот оддел на Управата на СБУ во Харковската област спроведува кривична постапка во врска со членовите на таканаречената стрелачка група бр. 1 НКВД ДНР (така тие се нарекуваа себе си), што дејствуваа во градот Дружкивка. Учасниците на оваа група ги мачеа и убиваа локалните жители.

Познато е најмалку за 5 луѓе. Исто така, под слоганот «чистење на општеството» банда по свое дискреционо право уништуваше беспомошни луѓе – бездомници, невработени и луѓе со посебни потреби. Групата ја ликвидира контраразузнавање на СБУ. Двајца членови на групата се уапсени.

Дури и на бројните претходни случаеви на отворена дезинформација и лага од страна на Москва, нејзините обвинувања на адреса на раководството на Украина и Вооружените Сили на Украина за «геноцидот на рускојазичното население» се особено цинични и лицемерни.

Русија манипулира со прашањето на «масовните гробници», дава цифри кои ги побиваат дури и терористите.

„Тоа е страшна трагедија, тоа е очигледно воен злостор, веќе се пронајдени повеќе од 4000 тела во гробиците во близина на Донецк”, – изјави на прес-конференцијата Министерот за надворешни работи на РФ С. Лавров.

Тој, исто така, истакна дека во Москва го привлекоа вниманието на ОБСЕ, ООН и Советот на Европа за ситуацијата со «масовните стрелања».

Истовремено лидерот на милитантите на Донбас А. Пургин, кој е под контрола на Русија, на 1 октомври во суштина го поби С. Лавров, обрнувајќи внимание на тоа дека руските медіуми неправильно ги разбраа кога „ДНР” информираа за 400 трупови во мртвачниците на Донецк.

Тој објасни дека во гробницата во околина на Макиивка се пронајдени тела на само девет лица, а тие 400 неидентификувани трупови, за кои тие порано соопштија, дојдоа во мртвачниците од разни градови од регионот во различно време.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ВЕСТИ November 4, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој…

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.