Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Просечната пензија на крајот на годинава ќе биде околу 17.300 денари

0
By Biljana on March 7, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Просечната месечна пензија на крајот на минатата година изнесуваше 15.876 денари, а на крајот на 2022 година проекциите се дека ќе биде околу 17.300 денари.

Ова го истакна премиерот Димитар Ковачевски по денешната средба со претседателката на Сојузот на здруженија на пензионерите Станка Трајкова.

„Минатата недела преку отворен дијалог со пензионерите обезбедивме континуиран раст на пензиите, а со тоа и на нивниот животен стандард и квалитетот на живот. Го прифативме моделот на Сојузот на здруженија на пензионерите што го предложија како нова методологија за континуиран раст на пензиите. Она што го ветивме низ дијалогот со пензионерите го реализираме во најбрз можен рок и ќе почне да се применува со септемвриската пензија. Денеска слушнав и други конструктивни предлози кои се од интерес на пензионерите и ќе бидат разгледани со ресорните министерства“, рече Ковачевски и додаде дека новата методологија ќе овозможи пораст на пензиите и во наредните години без никакви влијанија.

Порача дека во 2022 година заедно со финансиската помош пензионерите во просек годишно ќе имаат по околу 12.000 денари повеќе во споредба со 2021 година.

„Во март и во септември во иднина ќе се прави новото усогласување на пензиите зашто Државниот завод за статистика тогаш ги обвјавува официјалните податоци за растот на просечната плата“, рече Ковачевски и додаде дека Владата веднаш ќе почне се примена на новата метода, а пензионерите своите покачени пензии ќе ги добијат од септември годинава.

Претседателката на Сојузот на здруженија на пензионерите Станка Трајкова посочи дека пензионерите на средбата со премиерот побарале решение на повеќе прашања и проблеми со кои се соочуваат лицата од третото доба од доменот на здравственото осигурување, социјалното домување, пензионерските и старечките домови.

„Пензиите како системско и законско решение ќе се усогласуваат два пати во годината и тоа со 50 отсто од порастот на платите на сите вработени и со 50 отсто од порастот на трошоците на животот“, истакна Трајкова.

Околу 330.000 пензионери ќе добијат и директна финансиска помош од по 1000 денари за месеците март, април и мај.

ПОКАЧУВАЊЕ ПЕНЗИИ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
ФОКУС

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

ВЕСТИ November 3, 2025

Пред утрешното објавување на пакетот извештаи за проширувањето на ЕУ, сите пофалби ќе одат за…

Оставката на Ана Чупеска

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.