Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Протест на опозицијата во Тирана со блокирање на улици, учесник и Бериша, не изостанаа судири со полицијата

0
By Zoran Ivanov on December 23, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дождот и ветерот не ја спречија албанската опозиција да го одржи најавениот протест на “граѓанска непослушност”, со марширање и блокирање на пет главни улици во Тирана, на кои два и пол часа беше парализиран сообраќајот.

На протестот што почна по 17 часот учеството беше помало споредено со претходните протести, но за првпат по една година присуствуваше и демократскиот  лидер Сали Бериша.

Оваа зима ќе биде тешка како за аргатот во Тирана(премиерот Еди Рама) и господарот во Белград(претседателот Александар Вучиќ). Дури и во Белград студентите го тресат диктаторот од темел, иако немаат иднина, ги поздравувам од срце. Ги поздравувам и сите граѓани на Тирана, оваа граѓанска непослушност е во интерес на секој граѓанин на Тирана и Албанија и нема да запреме без да ги реализираме нашите цели, техничка влада и слободни избори. Граѓанската непослушност е код за уривање на диктаторите, изјави Бериша за медиумите.

Најави “непослушност во секоја можна форма”.

Еди Рама е изгубен, видовте како му падна рејтингот на ТикТок, свати дека тоа што не може да го контролира па одлучи да го забрани. Со Рама нема избори, избори не се бојкотираат, битката е незапирлива додека не замине,  ќе направиме се за да се урне оваа диктатура. Диктаторите се уриваат или со оружје или со непослушност, порача Бериша.

Опозицијата не доби дозвола од  полицијата на барањето за блокирање на улици, бидејќи тоа се смета за кривично дело.

Пратениците на ДП изјавија дека не отстапуваат од одлуката за блокирање на улиците бидејќи според нив вака се прави собир, што и го направија.

Полицијата и вечерва преку мегафон апелираше да се ослободат улиците за нормално одвивање на сообраќајот, но учесниците не се повлекуваа,  полициските службеници се обидоа да ги растераат, по што дојде до судир, но брзо ситуацијата се смири.

Бројни беа навредите упатувани кон полицијата, дури  генералниот секретар на ДП, Фљамур Нока, директно  началник на полициски комесаријат го нарече криминалец, а беа регистрирани и повеќе инциденти со напади врз полицијата.

Пратеникот на ДП, Агрон Ѓекмаркај во еден момент изгуби свест, по што веднаш му беше дадена соодветна помош во едно од амбулантите возила. И тој и Бериша ја обвинија полицијата дека применила насилство врз него.

Насилството врз Агрон беше организиран чин. Но, да знаат дека на крајот ДП ќе биде победник. Демократите каде и да ги сретнат “владините криминалци” да ги гаѓаат со домати и со јајца, порача Бериша.

Според полицијата има приведени, поради насилно однесување.

 

тирана протест опозиција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025

Алексиќ: Ангажирањето на Арсовска Томовска е симбол за коруптивноста на проектот „Експо 2027“

October 3, 2025

Српскиот премиер Ѓуро Мацут денеска во Скопје

October 3, 2025
ФОКУС

Трамп му се закани на Хамас: Имате рок до недела во 18 часот или пеколот ќе се урне врз вас и ослободетеги заложниците веднаш!

ВЕСТИ October 3, 2025

Американскиот претседател, Доналд Трамп во најновата денешна објава на неговата социјална мрежа Truth Social, остро…

Четири групи во Европарламентот ќе поддржат недоверба против Фон дер Лајен

October 3, 2025

Јато дронови над белгиска воена база – НАТО го вклучи алармот

October 3, 2025

30 години од атентатот врз првиот Претседател на независна Македонија Киро Глигоров

October 3, 2025
ТИКЕР

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025

Алексиќ: Ангажирањето на Арсовска Томовска е симбол за коруптивноста на проектот „Експо 2027“

October 3, 2025

Српскиот премиер Ѓуро Мацут денеска во Скопје

October 3, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.