Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Протест пред МВР на чело со Латиновски: „Крстот во Бутел ќе се изгради“

0
By Влатко Чаловски on March 9, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


На чело со градоначалникот на општина Бутел, Петре Латиновски и членови и симпатизери на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, денеска се одржа 15-минутен мирен протест пред МВР каде повикувајќи се на жителите на Бутел, демонстрантите побараа оставка од министерот Оливер Спасовски.

Тие велат, Спасовски не ги заштитил жителите на Бутел за време на демонстрациите предводени од функционерите на ДУИ при неодамнешното уривање на камен-темелникот каде што е предвидена изградба на крст, на кружниот тек помеѓу општините Чаир и Бутел.

– Се надевам дека овој глас ќе допре таму каде што треба, верувам во институциите, верувам во институцијата Министерство за внатрешни работи. Досега сите вработени во оваа институција покажале дека се професионалци и знаеле да си ја завршат работата и да ги заштитат граѓаните, рече Латиновски во изјава за медиумите.

Тој ги отфрли шпекулациите дека е донесено решение за повлекување на одлуката за изградбата на крстот и вели ниту тој како градоначалник, ниту некој друг имал право да ја поништи одлуката.

Одговарајќи на новинарско прашање, зошто се инсистира на верски објект во време кога општина Бутел има голем број невработени граѓани, Латиновски потенцира дека неговата општина нема да потроши ни денар за предвидениот крст.

– Општината Бутел нема да издвои ниту еден денар за изградбата на овој верски објект. Тоа е иницијатива на Светскиот македонски конгрес, кој исто така е и инвеститор. Ние преку проекти сме покажале дека општина Бутел е пристојно место за живеење, изјави Латиновски.

Присутните побараа од Спасовски соодветно да го заштити местото, за да продолжи изградбата на верскиот објект во мултиетничката општина, а на мегафон порачаа дека крстот ќе продолжи да се гради без оглед на се.

Овие протести пред МВР се случуваат веќе неколку пати, а се резултат на уривањето на камен-темелникот за предвидениот крст, поставувањето на албански знамиња и шатори на местото.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.