Протестот за изрекувањето на пресудата на тројцата активисти започна денеска пред зградата на српската влада во центарот на Белград, а учесниците ја блокираа раскрсницата на улиците Немањина и Кнежа Милош, јавуваат тамошните медиуми.
На протестот беше посочено дека властите апсат и други, но дека нема да се откажат од барањето за забрана за експлоатација на литиум и бор во Србија.
Активистите Иван Бијелиќ беа осудени на 40 дена затвор, а Никола Ристиќ и Јевѓење Јулијан Димитријевиќ добија по 30 дена затвор, исто така за нарушување на јавниот ред и мир.
Бјелиќ и Ристиќ се уапсени рано утринава во станицата Прокоп.