Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Протест во Тетово, се бара одговорност за трагедиите

0
By Marija Todorovska on March 24, 2025 ВЕСТИ
Фото: МИА
Фото: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Тетово се одржа марш и јавен протест на група граѓани по повикот на иницијативата „Нула“ за изразување револт поради голем број трагедии со цел да се побара одговорност. Граѓаните се собраа на плоштадот половина час по пладне, по што групата се движеше до зградата каде функционираат Основен суд во Тетово и Основното Јавно Обвинителство.

Обраќања имаа претставници на семејствата чии членови ги загубија животите во пожарот во модуларната болница во Тетово и во сообраќајната несреќа на автобусот на Беса Транс во Бугарија.

Дали требаше да се случи трагедијата во Кочани да се уверите дека овој систем е пропаднат. Јавно го прашувам Венко Филипче колку чини животот на мајка ми. Јавно го прашувам Кочо Анѓушев колку милиони евра профит вредат нашите 14 најблиски кои беа живи изгорени. Премиере Мицкоски вие ме посетивте дома за да ми изразите сочувство и ми ветивме дека случајот со модуларната болница ќе се расчисти. Дали требаше да изгорат уште 59 граѓани за конечно нешто да се преземе, рече Мумин Исмаили, претставник на семејствата кои имаат починати членови во модуларната болница.

Бурим Исљами кој загубил тројца членови во сообраќајната несреќа на автобусот на Беса Транс во Бугарија, рече дека се плашат дека и овој случај ќе заврши како и претходните, каде што виновници ќе бидат мртвите, каде што виновници ќе бидат најслабите.

Но едно е сигурно еден ден пред Господ сите ќе одговараме и тогаш на вас и на убијците и на криминалците нема да ве спаси корупцијата, рече Исљами.

Бленди Ходаи од Иницијативата Нула ги истакна барањата кои ги упатуваат за четирите трагедии во Модуларната болница, Кочани, Ласкарци и Беса Транс.

За Модуларната болница: Бараме од Основното Јавното Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција да го извади од фиока истрагата за вистинските виновници на пожарот во Модуларната болница и да поднесе обвинение против го одолговлекувале овој предмет, вклучително и јавните обвинители. Судењето за овој случај да се води без политичко-бизнис влијание. Кочани: Бараме независна истрага и вклучување на надворешни експерти за да се обезбеди непристрасна истрага за овој случај. Да бидат изведени пред правдата сите оние кои со дејствување или со недејствување овозможиле незаконско функционирање на дискотеката од 2013 година, рече Ходаи.

За случајот Ласкарци, Ходаи рече дека бараат Апелацискиот суд да го врати предметот на повторно судење и да ги земе предвид жалбите на Јавното обвинителство за изрекување повисоки казни за обвинетите додека на сопствениците на „Дурмо-Турс“ да им се забрани вршење на оваа дејност.

Покрај актуелно обвинетите, пред лицето на правдата да одговараат и сите службени лица кои во тој период дозволиле овие автобуси да сообраќаат без да поминат соодветни технички прегледи, рече Ходаи.

За случајот со Беса Транс од Иницијативата побараа Кривичниот суд да изрече повисоки казни за актуелно обвинетите со оглед на тоа што предметот е вратен на повторно судење, како и да одговараат сите јавни службеници кои тогаш овозможиле автобусот повеќе од 20 пати да ја премине границата со лажен сертификат за меѓународен превоз, а на сопственикот да му се забрани вршење дејност за превоз на патници.

протест Тетово
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.