Published: Saturday, June 23, 2018 21:20
Со молитва и македонската химна започна протестот против промена на името пред Собранието на Република Македонија.
Со патриотски песни, транспаренти и македонски знамиња граѓаните пристигнуваат за да го искажат својот револт од Доворот за името со Грција.
Пред Собранието има засилено полициско обезбедување.
Протестот е во организација на „Млади за Македонија“, а е поддржан од повеќе други граѓански организации и навивачки групи.




