Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Протести во Венецуела: Опозицијата обвинува за изборна кражба, властите за хакерски напад од Северна Македонија

0
By Zoran Ivanov on July 30, 2024 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Големи немири избувнаа во главниот град на Венецуела еден ден откако претседателот Николас Мадуро изјави дека победил на изборите.

Неколку илјади демонстранти се обидоа да се приближат до претседателската палата во главниот град Каракас, а полицијата и војската одговорија со солзавец и гумени куршуми. Би-би-си наведува дека левичарските паравоени формации им се придружиле на безбедносните сили и се судриле со демонстрантите и блокирале многу патишта околу центарот на градот.

Облаци чад од запалените гуми се издигнуваат над Каракас. Демонстрантите, кои претежно се на мотори, користат „молотови коктели“ за време на судирите со полицијата.

Во близина на претседателската палата се слушнале истрели и дека граѓаните трчале за да се заштитат. Министерот за одбрана, Владимир Падрино Лопез, на социјалната мрежа Икс напиша дека за време на немирите во Венецуела се повредени повеќе од 20 војници и дека некои добиле прострелни рани.

Протестите ја зафатија и сојузната држава Ла Гуаира, каде што демонстрантите ја урнаа и запалија статуата на поранешниот претседател Хуго Чавез на централниот плоштад.

Државниот обвинител Тарек Сааб во понеделникот објави дека од Северна Македонија бил извршен сајбер-напад насочен кон изборниот систем кој наводно го нарушил процесот на броење гласови за време на претседателските избори одржани викендов. Нападот наводно е поврзан со адвокатот и опозициски активист Лестер Толедо.

Опозицијата ги оспори изборните резултати и тврди дека Едмундо Гонзалес победил убедливо со 73 отсто од гласовите.

Испитувањата на јавното мислење пред изборите покажаа чиста победа на Гонзалес, кој беше поддржан од речиси сите опозициски партии во обид да го собори Мадуро по 11 години власт.

Многу опозициски лидери се засолниле во аргентинската амбасада плашејќи се да не бидат уапсени.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025
ФОКУС

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

ВЕСТИ November 14, 2025

Во знак на сеќавање на 63-те жртви од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани,…

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025

Комисијата утврди и соопшти: На десет пациенти им е извршена непотребна операција на срце

November 14, 2025

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

November 13, 2025
ТИКЕР

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.