Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Протестот на жителите од Сирково ставен во мирување по средбата со министерот Бочварски

0
By Ivana on November 10, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Протестот на жителите од село Сирково е ставен во мирување по денешната средба во Скопје со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. Протестот започна во понеделникот, со блокада на патот кон селото, а се бара приклучок кон брзиот пат Градско-Прилеп и целосно асфалтирање на приодите кон селото оштетени со градбата на патот, откако ќе заврши неговата изградба.

Веле Коцев, претседател на месната заедница која  има над 500 жители, информираше за МИА дека денеска имале средба со министерот Бочварски, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми и претставници на МВР.

– Договорено е протестот да биде ставен во мирување. Прифатено е нашето барање за асфалтирање на приодите кон селото по изградбата на патот. Има расположение да се реши и проблемот со обезбедување на приклучок до брзиот пат, но за тоа ќе почекаме неколку дена, за да се согледа изводливоста на тој зафат и потребата од финансии за тоа. Ќе имаме повторна средба, соопшти Коцев.

Како што МИА објави во понеделникот, тие што протестираа рекоа дека за сите претставува проблем тоа што нема приклучок кон новиот пат.

– Ако нема приклучок, ќе мораме да вртиме петнаесетина километри до Градско. Ако не се реши проблемот, ние за жал ќе останеме да го гледаме на околу двеста метри патот, а нема да можеме да го користиме. За Скопје, ќе мора да одиме преку Градско, а за Прилеп преку Дреново, а и до таму имаме тринаесетина километри. Приклучокот или ,,петлето” што беше планирано тука, подоцна го префрлија во село Крушевица кое е со неколку жители, појаснија тие.

Коцев претходно изјави дека овој проблем е актуелен уште од 2015-2016 година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.