Македонскиот специјализиран е-неделник за култура „Репер“ е возобновен и утре ќе излезе неговиот прв онлајн број на www.reper.net.mk. Замислен е како платформа за вмрежување на уметниците од сите области во Македонија и создавање подобри услови за нивна натамошна комуникација и настап во државата и во странство.
– Скромно залагајќи се за ширење на наследената и на современата култура и креативност од територијата на Македонија, преку употреба на современите достигнувања во интернет-технологиите и во социјалните мрежи, со објавување авторски текстови, илустрации, видеоматеријали и друг вид мултимедија од областа на креативноста, уметноста, технологијата, вештините, неделникот ќе настојува да изврши континуирана промоција на домашниот автор, од најреномирани имиња до личности чие време допрва ќе дојде, соопшти „Антолог“.
Покрај авторите од различни професии и генерации, членови на потесната редакција на „Репер“ се младите креатици Жарко Кујунџиски, Ѓорѓи Крстевски и Иван Антоновски.