Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прв фестивал на литература од Балканот во Скопје

0
By on February 26, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Петмина познати писатели од Балканот ќе бидат гости на првиот фестивал посветен на балканската прозна литература „ПРО-ЗА Балкан“, кој ќе се одржува во првите три дена од идната седмица во организација на издавачката куќа „Икона“ од Скопје.
Владислав Бајац од Србија, Миленко Јерговиќ од Хрватска, Андреј Блатник од Словенија, Алек Попов од Бугарија и Андреј Николаидис од Црна Гора се први учесници на првиот фестивал на прозата во Македонија, чија цел е да ја промовира балканската книжевност, вмрежување на автори и издавачи од регионот и создавање платформа за подобра идна соработка. Учесниците ќе бидат претставени на свеченото отворање на 4 март во кино „Фросина“.
Заедничко за петтемина писатели е нивниот квалитет и високото вреднување во нивните национални литератури и пошироко во Европа и светот. Нивни дела им се познати на овдешните читатели, зашто се преведени на македонски јазик, така што овој фестивал има цел да овозможи средба на домашната публика со авторите и уште повеќе да ја продлабочи љубовта кон романот како најчитан книжевен род.
Фестивалот ќе додели и награда за развој на балканската книжевност – „Прозарт“ во вид на статуетка. Ќе ја добие Бајац, според едногласната одлука на уметничкиот совет, во состав: Александар Прокопиев, Елизабета Шелева и Ермис Лафазаносвки. На српскиот писател (добитник на голем број награди, меѓу кои и на „Балканика“ за романот „Амамот Балканија“ во 2008), ќе му биде врачена на затворањето на 6 март, во книжарницата на „Икона“ во ТЦ Сити мол.
Уметничкиот директор на фестивалот Александар Прокопиев на прес-конференција рече дека при изборот на учесниците на првиот „ПРО-ЗА Балкан“ се внимавало да бидат автори со различна поетика и со своја особеност.
– Пет автори-ѕвезди, независни и пар екселанс интелектуалци ни доаѓаат за три дена во Скопје. Алек Попов е многу особен и духовит, за што впрочем говори неговата книга „Мисија Лондон“ по која беше снимен и филмот. Владислав Бајац е веќе децении присутен на европскиот простор, Миленко Јерговиќ е, веројатно, еден од најконтроверзните и најдинамични автори во Хрватска, Андреј Блатник – можеби најекспонираниот словенечки прозаист во моментов и Андреј Николаидис, едно ново име, кое многу брзо се наметна со својот, би рекол, строг и суров израз и е веќе преведуван ширум Балканот, рече Прокопиев.
Директорот на фестивалот Дејан Трајкоски рече дека акцентот на фестивалот во иднина ќе биде на етаблирани писатели и издавачи, но и на млади автори од регионот. – Фестивалот ќе биде и плус отворена врата за македонските писатели, рече Трајкоски. Десетина македонски автори, кои имаат преведени дела, ќе учествуваат на трибината „Мобилноста и балканските писатели“ што ќе се одржи идниот вторник.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025
ФОКУС

Копенхаген: Европските лидери се „договорија“ за ништо

ВЕСТИ October 2, 2025

Европските лидери во Копенхаген, Данска, цел ден расправаа за безбедноста на континентот но без конкретни…

Париз: Синдикални протести низ цела Франција – се бараат и повисоки даноци за богатите

October 2, 2025

Лидерот на военото крило на Хамас во Газа Дин ал-Хадад го отфрлил планот на Трамп за прекин на војната во енклавата

October 2, 2025

Штрајк со глад започнаа дел од грчките активисти од флотилата „Глобал Сумид“, кои се задржани од израелските власти

October 2, 2025
ТИКЕР

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.