На средбата, меѓу другото, стана збор за политичките состојби, меѓународната положба и перспективите на земјата во евроатлантските интеграциски процеси и улогата на медиумите и граѓанското општество.
Дерала го информира претседателот Пендаровски за активностите на организацијата, како и за заклучоците од мониторингот и анализите што се спроведуваат во повеќе области, пред сè, во доменот на дезинформациите и странските малигни влијанија.
Дерала ја искористи можноста на поранешниот претседател да му подари примерок од неговата книга „Ukraine, Years of Heroism: Facts vs. Propaganda” (Украина, години на хероизмот: Факти наспроти пропаганда.

