Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Првите дози од вакцината на „Фајзер“ пристигнуваат во февруари, ќе следат и вакцини преку „Ковакс“

0
By Нова ТВ on December 31, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Првите дози од вакцината против Ковид-19 на „Фајзер“ ќе пристигнат во февруари, информира вчера Министерството за здравство. Оттаму соопштија дека бил постигнат директен договор со компанијата „Фајзер“, а количина ќе биде позната во текот на следните недели. Следните дози од вакцината на Фајзер ќе пристигнат во март и април.

Министерството за здравство информира дека продолжува со разговори за обезбедување вакцини и преку преговори со земјите членки на ЕУ, како и преку Ковакс механизмот од каде, како што се наведува, се очекува распоредот и датумот за дистрибуција на првите количини.

Министерството информира и дека во јануари се очекуваат и фрижидерите за складирање на овие вакцини и со тоа, како што се наведува, македонскиот здравствен систем ќе биде целосно подготвен за вакцинацијата.

– Вакцината на „Фајзер“ е единствената вакцина која има одобрение од двете регулаторни комисии на САД и Европа, ФДА и ЕМА. Вакцината е единствената која ги има поминато сите многу строги контролни механизми на овие административни тела, изјави вчера министерот Филипче на собраниската седница посветена на пратенички прашања.

Тој информираше дека пред неколку месеци добил понуда од рускиот амбасадор Сергеј Баздникин за руската вакцина „Спутник 5“, но таа тогаш била во третата фаза од клиничките испитувања, а процесот, кој гарантира нејзина безбедност, не бил целосно завршен.

– Последните месеци тој процес заврши и таа влегува во еден од деловите на КОВАКС механизмот. Не како целосно одобрена. Меѓутоа, очигледно дека во официјалната група на сите производители преку КОВАКС ќе стигне и руската „Спутник 5“. Значи, ние ќе можеме евентуално да ја добиеме и оваа вакцина со одлука на СЗО и на Гави алијансата, изјави Филипче.

Тој, говорејќи за епидемијата со Ковид-19, рече дека таа кај нас се смирува и оти рестриктивните мерки на Владата дале резултаите.

Стивнување на епидемијата покажуваат и вчерашните статистички бројки за Ковид-19. Вчера беа регистрирани 493 нови случаи на коронавирусот од направени 2.366 тестирања. Беа регистрирани 450 оздравени и 15 починати пациенти. Најмладиот починат пациент е на 35-годишна возраст од Куманово. Освен 35-годишниот од Куманово, меѓу починатите има и 47-годишник од Скопје. Пациентите починале во болнички услови.

Вкупниот број на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 82.794, бројот на оздравени пациенти е 60.706, на починати е 2.488, а бројот на активни случаи изнесува 19.600.

Најмногу од активните има во Скопје – 11373, Тетово – 849, во Струмица има активни 618, Куманово – 604. Во другите градови има под 600.

Досега во земјата се направени вкупно 399.163 тестирања на КОВИД-19.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 971 и има околу 400 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во болниците низ земјава надвор од Скопје е пријавено дека се лекуваат вкупно 580 ковид-пациенти. Во Скопје на инфективните оддели вкупно се лекуваат 391 лице сомнително и потврдено за КОВИД-19.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 99 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 130 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 41 пациент. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка. Вчера во болниците имаше 115 слободни места.

И покрај смирувањето на епидемијата, Влада, сепак, предупредува дека граѓаните треба да празнуваат одговорно и да ги почитуваат мерките и препораките, со цел да се спречи ширење на вирусот и повторно влошување на состојбата.

Владата вчера на сите граѓани им ги честита новогодишните и божиќни празници со апел во овој период да се почитуваат рестриктивните мерки и препораки за да се избегне зголемувањето на бројот на заболени од КОВИД-19.

Таа потсетува дека за периодот од 18 декември до 20 јануари постои ограничување на работното време на угостителските објекти до 18:00 часот. Во сила е и забраната за организирање предновогодишни и новогодишни прослави на отворен и затворен простор, за сите граѓани, за општините, работните организации, како и забрана за работа после 21:00 часот на рестораните во хотелските објекти.

Забрането е собирање во групи (групирање) на повеќе од четири лица на јавен простор, односно паркови, јавни површини или каде било на отворен простор во текот на целиот ден.

Секој граѓанин, потенцираат од Владата, мора да носи лична заштитна опрема на лицето (прекривка на устата и носот). Остануваат активни и јасните препораки до верските заедници, да не повикуваат на масовни собири и групирања за време на претстојните верски празници.

– Според препораките, апелираме да не се излегува од дома без некоја голема потреба после 18:00 часот, за да се избегнат ризиците од формирањето групи на граѓани. Во домовите, по повод празниците и семејните прослави, да ги почитуваме и препораките кои налагаат во рамките на еден дом да нема присутни повеќе од четири лица како гости, истакнуваат од Владата.

Прекршувањето на задолжителните мерки, правила, рестрикции и протоколи за спречување и заштита од коронавирусот, потсетуваат, е казниво заради загрозување на животот и здравјето на граѓаните.

Да се почитуваат мерките и да се празнува одговорно, апелираат и поглаварите на црквите и верските заедници во земјава и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) Даријан Сотировски по вчерашната средба во Клубот на пратениците во Скопје.

На средбата, покрај Сотировски присуствуваа и Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, Реисул Улема на ИВЗ х. хфз. Шаќир еф. Фетаи, Бискупот скопски и струмичко-скопски епарх монсињор Киро Стојанов и суперинтендентот на ЕМЦ Марјан Димов. Поради објективни причини отсуствуваше претседателот на ЕЗРМ г-ѓа Берта Романо Николиќ.

– Да празнуваме одговорно, да бидеме во кругот на семејството и да избегнуваме собири, освен кога е неопходно, но со доследно почитување на обврската за одржување дистанца и носење на заштитна маска, порачаа верските лидери.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025

Алексиќ: Ангажирањето на Арсовска Томовска е симбол за коруптивноста на проектот „Експо 2027“

October 3, 2025

Српскиот премиер Ѓуро Мацут денеска во Скопје

October 3, 2025
ФОКУС

Трамп му се закани на Хамас: Имате рок до недела во 18 часот или пеколот ќе се урне врз вас и ослободетеги заложниците веднаш!

ВЕСТИ October 3, 2025

Американскиот претседател, Доналд Трамп во најновата денешна објава на неговата социјална мрежа Truth Social, остро…

Четири групи во Европарламентот ќе поддржат недоверба против Фон дер Лајен

October 3, 2025

Јато дронови над белгиска воена база – НАТО го вклучи алармот

October 3, 2025

30 години од атентатот врз првиот Претседател на независна Македонија Киро Глигоров

October 3, 2025
ТИКЕР

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025

Алексиќ: Ангажирањето на Арсовска Томовска е симбол за коруптивноста на проектот „Експо 2027“

October 3, 2025

Српскиот премиер Ѓуро Мацут денеска во Скопје

October 3, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.