Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прво европската агенда а потоа останатото!

0
By Ivana on November 12, 2021 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: Нано Ружин

Во политиката постојат политиканти и политичари-државници. Разликата помеѓу нив е што „политикантот размислува за идните избори  додека државникот за идните генерации и државата“, запишал Винстон Черчил. Тешко се разбира   политиката доколку не сме во состојба да  се импресионираме од големите политички ликови, како Ганди, Черчил. Рузвелт, Шуман,  Тито, Де Гол, Кенеди Мандела, Обама, смета нобеловката за мир од 2015 Уидед Бушамауи. Во нашето поднебје и историја, им се восхитуваме на историските ликови, од Илинденската епопеја, на АСНОМ-ците,  на Конески,  Глигоров, Трјаковски. Во тој Пантеон  на домашни државници  еден ден можеби ќе се најде и името на Зоран Заев кој го покрена балканскиот камен и ја придвижи нашата држава кон Европа. Секако така не размислуваат неговите политички противници, националисти и евроскептици, кои неможат да ја препознаат оваа епоха на историски премрежија туку  едноставно се фокализирани врз преземање на власта и стигматизирање на Заев.  И кога никој не очекуваше дека политичката шаховска игра во Северна Македонија ќе се усложни, Заев незнам од кои страсти повлече  сомнителен гамбит потег со кој  ризкиваше да се одложи фокусот на европската карта,  да го грогира СДСМ и да ја запечати сопствената политичка кариера.

Пред локалните избори, воден од желбата за поголема мобилизација на гласачите,   ги изненади сите кога со една чудна реторика ја услови својата функција на претседател на СДСМ и на владата  со политичката судбина на градоначалникот Шилегов. „Не можете да бидете лидер и да водите напред, ако се случи да имате спротивставени локални власти. Седејќи дома граѓаните помагаат да се врати режимот“, порача Заев. Независно што  призна дека со луцидната порака сакал да ги покрене  граѓаните додаде дека  „Скопје е влада во влада“ додека општините кои ќе се опредлат за ВМРО-ДПМНЕ ке се претворат во ќелии во кои ке  го „шират национализмот, конзерватизмот и ке ги делат граѓаните на етничка основа“. На сличен начин се закани и пред распишувањето на реферндумот за промената на Уставот во 2018, како и во 2019 кога заради ветото на Макрон иницираше и предизвика предвремени парламентарни избори. Дилемата останува дали се работеше за наплив на емоции или за рационално промислено сценарио? Едно е јасно, Заев покажа решителност и храброст но без прецизна проценка на последиците кои можат да произлезат од неговата оставка.

На локалните избори, Зоран Заев и СДСМ претрпеа голем пораз. Епилогот е далеку од поетичен. Балканот и балканскиот менталитет ја победи Европа и европскиот менталитет, додека Македонија пардон ФИРОМ  ја победи Северна Македонија. Емотивниот граѓнин Заев го надмина политичарот Заев и понуди оставка од двете клучни позиции, партиската и државната. И тоа се би било во ред по изборниот неуспех со оваа  „куртуазната оставка“, кога би се работело за парламентарни избори.

Инаку во парламентарната историја и сегашност на Европа, мошне  редок е чинот да се напушта централната власт заради локални изборни неуспеси. Коалиционите партнери со право му замерија на Заев бидејки неговата одлука беше без претходни договори и информирање, кои патем од почетокот му искажуваа подржка во сите предизвици убедени дека успешно ќе бродат низ европскиот вртлог. Слични критички тонови му испорачаа отворено или дискретно и голем број  членови симпатизери и граѓани за  избрзаниот чин. Точно е дека партиското раководство направи големи грешки и во кадровските решенија и во проценките и потценувањето на поранешните и предложените кандидати, точно е дека СДСМ повторно се разболе од „вообразеноста“ на министрите и директорите, партиските намесници во администрацијата  но таа внатрешно политичка бласфема да им ја оставиме на интерните политички игри и менталитети на Бихачка.

Влогот на оставката на Заев почна да расте во македонската политичка игра  откако делови од опозицијата најавија јакобински расплет на ситуацијата и непочитување на она што Кардинал Ришеље го нарекува „државен разлог“, односно највискок државен интерес. Во овој момент нашиот “државен разлог“  е патот на Северна Македонија кон Европската Унија. На опозицијата и беше многу побитно да се дофати до домашниот  престол отколку до некој несигурен европски воз кој поминува преку Софија. Впрочем синдормот на вечното одлагање од страна на ЕУ заживеа и во домашните политички менталитети и пошироко на Балканот. Не случајно европските медиуми но и балканските политичари Вучиќ и Рама истакнаа дека “одговорност за оставката на Заев носи и ЕУ“. Кога бранот на евроскепицизмот врз Западен Балкан се зајакнува, интересно е да се констатира дека овој пат меѓународната заедница е позаинтересирана за проширувањето на ЕУ на Западен Балкан отколку македонските политичари и граѓани. Дали тоа значи дека само со стратегијата на „политичкиот харакири на балканските политичари ке го разбудат Брисел ?

Претседателот Макрон свесен на превидите  од 2018 и 2019, деновиве веројатно тешко ја сваќа нашата мистична политичка нелогика и гандиевските  саможртвувања. Тој стана добар пријател со Заев а патем поседуваат и една заедничка црта а тоа е претераната емотивност. Минатиот месец на Брдо кај Крањ за време на Самитот на ЕУ со лидерите на Западен Балкан, Макрон отворено ја подржал кандидатурата на Северна Македонија за отпочнување на преговорите со ЕУ. Воедно овој пат не е осамен. Освен Меркел  зад кандидатурата на Северна Македонија застана и владата на  Холандија на чело со Марк Руте која по дефиниција беше најкритички расположениот арбитар од Брисел.

Сите европски лидери се сигруни дека спорот со Софија ќе биде надминат без некоја поголема колатерална штета по нашиот идентите и национална гордост. Наместо мирно да се чекаат настаните кои ќе се случат до крајот на годината, македонската јавност и политичкиот естаблишмент беа оптоварени со прашањето дали ке падне владата на Зоран Заев и што ќе донесе новата политичка криза. Се заборави европската агенда, и оној дантесовски занес за отпочнувањето на преговорите со ЕУ. Крајот на декември оваа 2021 е најблискиот термин за добивање датум за отпочнување на преговорите. Веќе во првите шест месеци од  2022, со ЕУ ќе претседава Франција,   која ќе влезе во предизборната кампања за следните претседателски избори во мај 2022. Европски настроениот Макрон ќе се соочи со екстремно-десничарските кандидати и евроскептиците Мари Ле Пен и веројатно Ерик Земур. Во тоа друштво секоја инцијатива за проширување на ЕУ ке биде осудена како предавство во полза на „новите варвари“ од Балканот како што пишуваше Цветан Тодоров.

Сепак и покрај големите најави за „новото парламентарно мнозинство“ кои беа проследени и со големи огомети, закани, фаворитизми, реваншизми, политички ветувања за рушењето на Преспанскиот договор,  „ смешкотресот“ на Мицкоски и коалицијата не се оствари благодарение на еден скромен пратеник со широки европски и интелектуални сваќања – Кастриот Реџепи. La comedia e finitа ! (Комедијата заврши !) би запеал Доменико Модуњо, но и проевропски ориентираните граѓани на Северна Македонија. На Заев и на друштвото од Бихачка им останува обврската да го реализираат неопходното проветрување на неговите министри, сопартијци, недозреани советници, да ги засукаат ракавите и да се посветат на последните сто метри од европската агенда. Личните страсти и чувства, каприцот, политичката еуфемија можат да сочекаат но но е европската агенда!

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

ВЕСТИ September 27, 2025

Родителите на починатите во мартовскиот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска по 24 –…

The Times of Israel:  Планот на Трамп за Газа – Израел ќе ја повлече војската и Палестинците нема да бидат раселени

September 27, 2025

СБ: Македонија, Косово и Молдавија со најголем пад на населението

September 26, 2025

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

September 25, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.