Каталонскиот лидер даде вербален отпор на одлуката на Мадрид да ја преземе директна контрола над Каталонија и ја повика „демократската опозиција“ на Каталонија на отпор.
Во кратка видео порака, Карлес Пучдемон денеска (недела) попладнево најави дека останува на функцијата премиер спротивно на наредбите на шпанската влада
Извори на владата за „Ел Паис“ велат дека за владата, изјавата на Пучдемон нема никаква вредност и неговото однесување ќе биде разгледано на суд.
„Токму парламентот е оној кој ги назначува и отпушта владите“, објасни Пучдемон кој според шпанските медиуми денес не е во Барселона, туку во родниот град
Мадрид веќе предупреди дека ќе го смета одбивањето на досегашниот премиер да ја напушти функцијата за узурпација и ќе се обрати на судиите. Во меѓувреме шпанската телевизија La Sexta прошири кадри на кои се гледа дека додека тече изјавата, Пучдемон се храни во бар во центарот на Жирона и се снима со приврзаници.
Изјавата беше првата, откако шпанскиот премиер Мариано Рахој најави во петокот вечерта пакет на решенија за директно управување од Мадрид и закажување на нови избори. Само неколку часа порано влегоа во сила потпишаните од кабинетот мерки со кои Мадрид го смета Пучдемон и неговата влада за отпуштени, а Каталонија се управува од вицепремиерот на Шпанија Сораја Саенс де Сантамарија.

