Во Чикаго од огнено оружје се повредени дванаесет луѓе. Три лица, вклучувајќи и три-годишно дете се во критична состојба. Четири лица се сериозно и четири лесно повредени, а еден повреден човек е однесен во болница.
На местото на инцидентот има многу полиција која трага по напаѓачите. Според локалните медиуми, две лица пукале. Пукањето започнало на кошаркарското игралиште.
Да потсетиме, само пред четири дена Арон Алексис (34) од Тексас со огнено оружја застрела 12 лица во една поморска база во Вашингтон, а потоа беше убиен во вооружена престрелка со полицијата.