Џабир Дерала: Осомничените за терористичкиот акт се фатени живи, мачени јавно, ставени во стаклениот кафез пред судот, а прстот е вперен кон Украина и Западот. Класика!
Бруталниот лов на живи луѓе се снима и се открива пред очите на светот. Тортурата е варварска, со сечење уво на едниот и бројни удари со кундак. Осомничените (а веќе осудени) се појавуваат на суд со ужасни траги од тортура. Едниот е со пластична кеса на увото што му го отсекле, а друг е во инвалидска количка, без свест. Линк