Германската Влада соопшти дека Русија гарантира оти Европа нема да мора да плаќа за испораките на руски гас во рубљи.
Кабинетот на германскиот канцелар Олаф Шолц објави соопштение во кое се вели дека рускиот претседател Владимир Путин му рекол дека европските компании можат да продолжат да плаќаат за гас во евра.
Во телефонскиот разговор со Шолц, Путин рекол дека парите може да се уплатат во „Гаспром“ банката, а потоа ќе се префрлат во рубљи во Русија. „Гаспром“ банката во моментот не е под санкции.
„Шолц не се согласи веднаш со овој предлог за време на разговорите, туку побара тој да биде претставен во писмена форма за да може подобро да ја сфати процедурата“, се вели во соопштението, јави „Дојче веле“.