Полскиот премиер Матеуш Моравјецки денеска изјави дека би сакал да го види рускиот претседател Владимир Путин „целосно отстранет“ од Кремљ, јави агенцијата ДПА.
„Доколку Европа и слободниот свет ја загубат оваа битка, ја загубиме оваа војна, ние повеќе нема да бидеме безбедни, бидејќи секогаш ќе бидеме под закани и уцени од Путин“, изјави Моравјеци за „Скај њуз“ за време на самитот на Европската Унија (ЕУ) во Брисел, посветен на војната во Украина.
„Се разбира, ние би сакале тој целосно да биде тргнат од власт“, дециден е полскиот премиер.