Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Путин: Западните санкции кон Русија се налик на објава на војна

0
By Sashko on March 5, 2022 НАСЛОВНА, СВЕТ
Фото: politico.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Рускиот претседател Владимир Путин во денешното обраќање истакна дека се оди според планот во Украина и дека руската војска ќе ги исполни своите цели во рамки на „специјалната воена операција“.

Санкциите што ги воведоа западните земји кон Русија, за Путин се „налик на објава на војна“, меѓутоа ја бранеше руската инвазија на Украина порачувајќи дека Москва треба да ги брани оние кои говорат руски на истокот на земјата, како и своите интереси.

Овие санкции што се објавени се налик на војна, но фала му на Бога што не дојде до тоа, рече Путин, обраќајќи се пред група на вработени во центарот за обука на Аерофлот во близина на Москва.

Првиот човек на Кремљ изјави дека Русија сака Украина да се „демилитаризира, денацифицира и дека треба да има неутрален статус“.

Путин, исто така, најави дека секоја земја што ќе се обиде да воспостави зона на забранети летови на украинското небо, ќе се третира како противник во војната. Северноатланстаката Алијанса, пак, претходно, го отфрли барањето на Киев за воведување на зона на забранети летови над Украина.

Секој развој на случувањата во тој правец, ќе го сметаме како учество во вооружен судир на секоја земја на чија територија би била создадена закана за нашите војници, нагласи Путин за можноста „за зона за забранети летови над Украина“.

Путин рече дека Русија не планира да прогласи вонредна состојба, како одговор на гласините дека ќе се направи тоа поради конфликтот во Украина.

Вонредна состојба се воведува (…) во случај на агресија, посебно во областите во кои се водат борби. Ние немаме таква ситуација и се надевам дека ќе нема потреба да се интервенира, рече Путин.

Според неговите зборови, во руските воени операции во Украина учествуваат само професионални војници и офицери, а Кремљ не планира да испраќа резервисти или воени ветерани.

Нашата војска ќе ги исполни сите задачи. Во тоа воопшто не се сомневам. Сè оди по планот, посочи рускиот претседател.

Бројни гласини ги принудија Русите да стравуваат од мобилизација и воведување на вонредна состојба.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 12, 2025

Поради корупциски скандал во енергетскиот сектор, министрите за правда и енергетика на Украина поднесоа оставки…

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.