Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Работните групи за евроинтеграции во Софија: Состанокот успешен, договорени важни активности за двете земји

0
By Sashko on March 10, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонска владина делегација составена од заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, заменик претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење, Славица Грковска, министерoт за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, министерoт за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити  и генералниот директор на Пошти на Северна Македонија, Јани Макрадули, денеска во Софија, во позитивна атмосфера, имаше продуктивен состанок со колегите од бугарската Влада на кој дискутираа за тековните активности и следните заеднички проекти во делот на добро владеење, животната средина, дигиталната трансформација и владеењето на правото.

Вицепремиерот за европски прашања Маричиќ, како што соопштија од Секретаријатот за европски прашања, нагласил дека очекува предлози и идеи кои ќе дадат конкретни резултати, од полза и за граѓаните од двете страни на границата и за нашиот евроинтеграциски процес.

Непосредната комуникација и секторската соработка е одличен начин за продлабочување на односите. Соработката преку размена на искуства и добри практики во клучните области за нашиот евроинтеграциски процес, како владеење на правото, зелената агенда и дигиталната трансформација, кои за нас се исклучително значајни. Затоа очекувам проекти кои ќе бидат додадена вредност во спроведувањето на реформите, рекол вицепремиерот Маричиќ.

Во дискусијата за политиките за добро владеење, заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Славица Грковска изразила благодарност до бугарската страна за споделувањето на искуства од Оперативната програма за добро владеење, која отвора широко поле за соработка помеѓу двете земји на среден и долг рок.

Двете страни, исто така, дефинираа серија на активности кои ќе следуваат во наредниот период  со посебен фокус на зајакнување на соработката со граѓанскиот сектор, градење на капацитетите на јавната администрација и размени и споделување на искуства во превенција и борбата со корупција, се наведува во соопштението.

Министерот за информатичко општество и администрација, Алити и бугарскиот министер за електронско управување Божидар Божанов се договориле двете институции да почнат да соработуваат и разменуваат искуства во определен временски рок, со цел да се развијат прекугранични електронски услуги за граѓаните и заедничко признавање на доверливите услуги и електронска идентификација.

Во рамки на состанокот, министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, заедно со бугарскиот колега, вицепремиер за климатски политики и министер за животна средина и води, Борислав Сандов потпишале двегодишна Програма за спроведување на Договорот за соработка меѓу двете министерства во областа на животната средина и управувањето со водите, потпишан во 2019 година.

Министерот Нуредини истакнал дека со потпишувањето на Програмата се потврдуваат заедничките заложби за подобрување на билатералната соработка меѓу двете држави преку спроведување на конкретни активности за поквалитетна заштита на животната средина и активно вклучување во реализација на заеднички иницијативи.

Следејќи ги заложбите на двете влади, за зголемена динамика на соработка и имплементација на заеднички проекти, директорите на двете поштенски управи потпишале Mеморандум за разбирање за поштенска соработка меѓу Бугарски пошти ЕАД и АД „Пошта на Северна Македонија“, со што се отвора една нова страница во односите помеѓу двете поштенски управи. Активностите што ќе произлезат од овој Меморандум, во иднина, и за граѓаните и за деловната заедница од двете земји ќе обезбедат поквалитетни и поефикасни поштенски услуги.

Убедени сме дека секој во рамки на своите институции, со сопствена иницијатива и одговорност, може да придонесе за отворање на нова страница во односите на двете земји, преку олеснување на комуникацијата меѓу граѓаните и деловните субјекти, посочил на средбата директорот Макрадули, потенцирајќи дека иако денеска се потпишува Меморандумот, двете поштенски управи веќе преземаа активности за практична имплементација.

Следната средба на работната група за европска соработка – зелена транзиција, дигитална трансформација и владеење на правото ќе се одржи на почеток на месец април, во Скопје.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 12, 2025

Поради корупциски скандал во енергетскиот сектор, министрите за правда и енергетика на Украина поднесоа оставки…

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.