Им благодарам на сите кои гласаа за нас со госпоѓа Јотова, Бугарите сакаат да расчистат со корупцијата и беззаконието. Очекувањето дека граѓаните ќе се изморат од избори и ќе го одберат старото, не се исполни. Ова го кажа Румен Радев по победата на изборите. Бугарија го положи испитот на демократијата, победи разумот и родољубието наспроти апатијата и лагата, изјави Радев.
Новиот парламент нема право на грешки зашто граѓаните нема да простат, порача старо-новиот претседател. Секоја од партиите која нема да го свати тоа ќе се самоубие, рече Радев.
Новата влада не треба да отстапува од националните позиции, кога станува збор за историјата и правата на сонародниците зад границата, изјави Радев.